Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова иницијатива до Уставен суд за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи
Економија

Нова иницијатива до Уставен суд за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи

25/03/2024

AA

„Поаѓајќи од фактот дека Уставот
е највисок правен акт и дека сите закони, подзаконски акти и пишани правила
треба да бидат во согласност со Уставот, подносителот на оваа иницијатива смета
дека потребно е оценка на уставноста на членот 2 од изменувањата и
дополнувањата на Законот за облигационите односи“, се вели во иницијативата
поднесена од адвокатот Љупчо Кузмановски.

Иницијативата се однесува на членот
2 од Законот за измени и дополнувања на ЗОО каде е наведено дека членот 368 се
менува. Токму овој член е причина за иницијативата која денес е поднесена. Со
овој член се предвидува застарување на побарувањата постари од 10 години. Во иницијативата
се наведува: „со промената на оваа одредба категоријата на правни и физички
лица, кои се доверители ќе бидат ставени во нерамноправна положба со што ќе се предизвика
нивна дискриминација, за сметка на други правни и физички лица кои се должници
кои ќе бидат привилегирани и ставени во поповолна положба“. Покрај тоа се
наведуваат и низа недоречености и контрадикторности на други конкретни одредби
во законот.

Ова е втора иницијатива за преиспитување
на уставноста на Законот за облигациони односи. Минатиот
месец до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за истиот член од овој закон
од страна на Предраг Баришиќ. Адвокатската комора на Македонија реагираше
дека измените на Законот за облигациони односи создаваат правен хаос во пракса.
Претседателот на Комората Љубомир Михајлоски, во интервју во дневникот на МТВ,
вчера истакна дека со Законот се привилегираат неплаќачите на долговите, а се
оштетуваат доверителите, без разлика дали се работи за правни или физички лица.
Тој посочи дека многу компании ќе имаат тешкотии во работењето и дека се
нанесува голема штета во стопанството.

Допис со назнака за селективност
на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е
испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење
Славица Грковска и до Министерството за правда. Приватниот сектор смета дека
ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од
јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора
да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при
што товарот паѓа на доверителите односно на компаниите, а голем дел од малите
приватни фирми заради овие причини ќе се затворат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41536
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

16/02/2026

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп,

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со 21 синдикален претставник.

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност, вели

16/02/2026

Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО, во Брисел, каде што оддаваме

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy