Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВА ГОЛЕМА ФАБРИКА ЗА КИНЕСКИ АВТОМОБИЛИ ЌЕ НИКНЕ ВО ЕВРОПА – еве која држава ќе ја привлече оваа инвестиција
Економија

НОВА ГОЛЕМА ФАБРИКА ЗА КИНЕСКИ АВТОМОБИЛИ ЌЕ НИКНЕ ВО ЕВРОПА – еве која држава ќе ја привлече оваа инвестиција

14/03/2024

AA

Италијанската влада е во преговори со кинеската Chery Auto за да привлече уште еден голем производител на автомобили покрај Stellantis, изјавија два извори за Reuters.

Рим сака да го зголеми домашното производство на 1,3 милиони возила годишно, од 800.000 во 2023 година, и веќе е во преговори со Stellantis, единствениот голем независен производител на автомобили во Италија. До крајот на деценијата мултинационалната групација треба да произведува еден милион автомобили годишно.

Кинески автомобили доаѓаат во Европа, порача Мерцедес

Министерот за индустрија Адолфо Урсо рече дека Италија сака уште еден производител кој ќе додаде околу 300.000 возила во своето производство.

Доколку преговорите вродат со плод, Chery ќе биде меѓу првите кинески компании кои произведуваат автомобили во Европа. Ваквиот исход би значел зголемена конкуренција за домашните производители, особено во сегментот на електрични возила, забележува Ројтерс.

Chery е моментално најнадежната опција на Рим, рече еден од двата извори.

Портпаролот на италијанското министерство за индустрија одби да коментира.

Во февруари, Урсо рече дека се во разговори со американската Тесла и три неименувани кинески производители на автомобили, чии претставници минатата година ја посетија Италија за да ги проценат потенцијалните можности за инвестирање.

Извршниот директор на Chery Europe, Јохен Туетинг, изјави за Ројтерс дека очекуваат продажбата во Европа да го оправда изградбата на фабрика за монтажа.

„Истражуваме различни можности низ Европа“, рече Туетинг. „Во моментов водиме разговори на неколку локации во Европа“, додаде тој, нагласувајќи дека не може да ги именува поради обврските за доверливост.

Индустријата и владините извори зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи дискусиите се доверливи.

Извор од индустријата рече дека Chery размислува за реновирање на постоечка фабрика или изградба на нова во Италија, но исто така ги проценува и другите опции во Европа, вклучувајќи ја и поранешната фабрика на Nissan во Барселона.

Кинеската компанија не одговори на барањето на Ројтерс да ги коментира овие информации.

Кинескиот производител на електрични автомобили BYD исто така беше во контакт со Италија, но тие во декември најавија дека ќе ја градат својата прва европска фабрика во Унгарија и не кажаа дали планираат повеќе фабрики во Европа, забележува Ројтерс.

Пословни.хр

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44983
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати 550 евра за фрлање мачиња

12/08/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро да ги бара веслата

12/08/2026

Трагичен епилог доби потрагата по 71-годишниот М.М. од Скопје, кој на 8 август исчезна во водите на Преспанското Езеро кај

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy