Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНЕЦОТ ФРЛА ПО 86 КИЛОГРАМИ ХРАНА ГОДИШНО Тоа е за 17 кг повеќе од просекот во ЕУ
Македонија

МАКЕДОНЕЦОТ ФРЛА ПО 86 КИЛОГРАМИ ХРАНА ГОДИШНО Тоа е за 17 кг повеќе од просекот во ЕУ

02/10/2026

AA

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86 килограми храна годишно по жител, што е за 17 килограми повеќе од просекот во Европската Унија. Освен во домаќинствата, отпадот од храна во Македонија е над европскиот просек и во рестораните и во малопродажбата.

Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно, додека македонските домаќинства во просек фрлале по 86 килограми по човек храна во текот на годината.

Извештајот на Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) за индексот на отпад од храна за 2024 покажува дека светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, што претставува дури 19% од вкупната храна достапна за потрошувачите.

Домаќинствата ширум светот фрлаат над 1 милијарда оброци секој ден и се одговорни за 60% од вкупниот отпад од храна, додека останатите 29% се од ресторани и хотели и 12% од малопродажбата во маркети.

Според УНЕП, домаќинствата во Македонија во 2024 година создале вкупно 179.311 тони отпад од храна, што е околу 86 килограми по човек годишно. Рестораните и услугите за исхрана, пак, создале 51.283 тони отпад или околу 25 килограми по човек годишно. Во малопродажбата биле создадени вкупно 30.755 тони отпад од храна или по 15 килограми по човек годишно.

Ако се споредат податоците по сектори македонските домаќинства создаваат по 17 килограми по човек повеќе отпад од храна од европскиот просек, рестораните и услугите за изхрана по 10 килограми над европскиот просек, додека во малопродажбата се создаваат 5 килограми повеќе отпад од храна по човек годишно.

На ниво на Европската Унија, според податоците на Евростат, во 2024 година секој граѓанин генерирал по околу 129 килограми отпад од храна, вклучително и јадливите и нејадливите делови, што претставува благ пораст од 0,7% во споредба со 2023 година.

Отпадот од домаќинствата сочинува повеќе од половина од вкупниот отпад од храна (53%), односно 69 кг по лице, додека уште 12% биле создадени од рестораните и услугите за исхрана (15 кг по жител). Останатите 35% се во претходните фази од синџирот на снабдување со храна: 19% при производството на прехранбени производи и пијалаци (25 кг по жител), а по 8% во примарното производство и во малопродажбата и другите видови дистрибуција на храна (по 10 кг по жител).

Во Македонија нема официјална статистика за количеството на фрлена храна и се мери само вкупно собран органски отпад во кој влегува храна, лисја и слично.

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2025 година вкупното количество собран комунален отпад изнесува 639.668 тони, од кои 34.757 тони се органски отпад. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2025 година изнесува 417 кг, што е за 4,8 % помалку од истото количество во 2024 година. Најголем дел од вкупно собраниот комунален отпад или околу 84 проценти потекнува од домаќинствата, додека комерцијалниот отпад учествува со 16 проценти. Речиски целото количество собран комунален отпад, 99,8 %, се исфрла на депонија.

Методологијата на Евростат ги мери количините на отпад од храна за сите фази од синџирот на снабдување со храна. Отпадот од храна се состои од делови од храната наменети за консумирање (јадлива храна) и делови од храната што не се наменети за консумирање (нејадлива храна). Отпад од храна е секоја храна што станала отпад под следниве услови: влегла во синџирот на снабдување со храна, потоа била отстранета или исфрлена од синџирот на снабдување со храна или во фазата на крајна потрошувачка, на крајот е наменета за третман како отпад.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери

14/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата

14/10/2026
Македонија

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е

14/10/2026
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник

14/10/2026
Македонија

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА

14/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ЈА ПОКАНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ВОДИ ДИЈАЛОГ

14/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ТРОЈЦА СКОПЈАНИ Со закани и уцени барале 10.000

14/10/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП! Активиран е сајтот

14/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46167
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери му одзеле пиштол на полицаец,

14/10/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против 3 лица за сторени кривични дела Спречување службено лице во вршење службено дејствие и Неовластено

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата на свој граѓанин може да

14/10/2026

Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова на Македонија, за која вчера Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, откако

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е КУКАВИЦА И КЛЕВЕТНИК Жестока препирка

14/10/2026

Размена на обвинувања и меѓусебни прозивки имаше денеска на собраниската седница за опозициски пратенички прашања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy