Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ И НЕ ВРЕДАТ 200.000 ЕВРА Обвинителството бара Судот да не ја прифати гаранцијата
Македонија

ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ И НЕ ВРЕДАТ 200.000 ЕВРА Обвинителството бара Судот да не ја прифати гаранцијата

02/10/2026

AA

Јавното обвинителство достави негативно мислење до Кривичниот суд за гаранцијата што ја понуди првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, газдата на кочанската дискотека Дејан Јованов Деко, затоа што понудениот имот со гаранцијата се состои од плевни, шупи, објекти што се предмет на извршување или дивоградби.

„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се одбие предлогот за определување на гаранција, поднесен од обвинетиот Дејан Јованов од Кочани како неоснован. Со предлогот се бараше од судот спрема обвинетиот да биде определена мерка гаранција во вкупен износ од 195.820 евра во денарска противвредност од 12.042.932 денари“, соопшти Јавното обвинителство.

Гаранцијата се состои во ставање хипотека на недвижен имот, се додава во соопштението.

„Меѓутоа, според Обвинителството, при одлучувањето Судот особено треба да го цени фактот дека изјавата со која се дава согласност понудениот имот да биде даден како гаранција обвинетиот Дејан Јованов ја дал иако бил свесен дека дел од понудениот недвижен имот е предмет на извршување, па ниту може да биде ставен под хипотека, уште помалку да биде впаричен. Освен тоа, понудените недвижности во голем дел се состојат од помошни простории, објекти, шупи, плевна, а кои претходно биле бесправни објекти и тој имот, при евентуална потреба, исклучително тешко ќе може да биде впаричен, а секако не во висина на износот на кој е проценет“, соопшти Јавното обвинителство.

Максималниот рок за притвор од една година за Дејан Јованов истекува утре на 3 октомври, една година по правосилноста на обвинителниот акт за пожарот во „Пулс“. Иако правно не е потребна гаранција за присуство во понатамошната постапка, адвокатката на Јованов, Ивана Коцевска, рече дека понудиле имот како гаранција со која првообвинетиот сака да ја увери јавноста дека нема да бега.

Се очекуваше утре, по истекот на едногодишниот рок, Кривичниот суд по службена должност да определи мерки за обезбедување на присуството на Јованов, како одземање на пасошот или забрана за напуштање на живеалиштето, а тој од слобода да продолжи да оди на судењата за пожарот.

Но, вчера Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека против Јованов почнале нова истрага, за кривичното дело Поткуп и побараа од Кривичниот суд да му определи притвор за обезбедување на присуството во оваа истрага.

„Осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови. Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка за Тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Имено, осомничениот до сега беше обезбеден како обвинет во друга постапка. Но, со оглед дека во однос на тоа дело истекуваат законските рокови за обезбедување, а јавниот обвинител од ОЈОГОКК продолжува да прибира докази во однос на дејствијата на поткуп, тој процени дека ризиците за обезбедување на осомничениот се големи и побара да му биде определена притворска мерка“, соопшто Обвинителството.

Јавното обвинителство оценува дека притворот е апсолутно неопходна мерка за обезбедување на присуството на овој осомничен, ценејќи ги сите околности и основи, се додава во соопштението..

„Службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка за дејствија на примање поткуп“, соопшти ЈО.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери

14/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата

14/10/2026
Македонија

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е

14/10/2026
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник

14/10/2026
Македонија

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА

14/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ЈА ПОКАНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ВОДИ ДИЈАЛОГ

14/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ТРОЈЦА СКОПЈАНИ Со закани и уцени барале 10.000

14/10/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП! Активиран е сајтот

14/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46167
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери му одзеле пиштол на полицаец,

14/10/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против 3 лица за сторени кривични дела Спречување службено лице во вршење службено дејствие и Неовластено

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата на свој граѓанин може да

14/10/2026

Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова на Македонија, за која вчера Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, откако

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е КУКАВИЦА И КЛЕВЕТНИК Жестока препирка

14/10/2026

Размена на обвинувања и меѓусебни прозивки имаше денеска на собраниската седница за опозициски пратенички прашања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy