
Нов земјотрес пред полноќ регистриран во Македонија
Вечерва во 23:37 часот регистриран е земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала во близина на Галичник, во западниот дел на Македонија.
Според податоците, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на координати 41.560°N и 20.640°E, околу 81 километар оддалечен од Скопје.
Земјотресот се почувствувал слабо и не предизвикал штети. Станува збор за слаб потрес, кој според сеизмолозите е вообичаен за овој регион.