Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопје и Тетово вечерва се гушат во загаден воздух – еве која е причината
Македонија

Скопје и Тетово вечерва се гушат во загаден воздух – еве која е причината

22/07/2025

AA

Вечерва Скопје и Тетово се меѓу најзагадените градови во регионот. Индексот на квалитет на воздухот (AQI) во делови од главниот град, како кај Ректоратот, достигна дури 144, што спаѓа во категоријата „нездрав за чувствителни групи“. Во Тетово, пак, загадувањето изнесува AQI 118, што исто така претставува ризик по здравјето.

Концентрацијата на штетните PM2.5 честички кај Ректорат е 10.6 пати над дозволеното ниво според насоките на Светската здравствена организација. Овие ситни честички продираат длабоко во дишните патишта и се особено опасни за деца, постари лица и хронично болни.

Дополнително, ветерот носи загаден воздух и од големите пожари кои беснеат во Албанија, недалеку од границата со Македонија.

Што ја предизвикува оваа состојба?

На мапата за загадување се забележуваат активни пожари кај Желино, кој е меѓу главните извори на чад и прашина. Високите температури, ниската влажност (29%) и слаб ветер (10.1 km/h) дополнително придонесуваат загадувањето да се задржи во воздухот.

Граѓаните се советуваат да избегнуваат престој на отворено, особено навечер, и да користат заштитни маски при излегување. Институциите треба итно да реагираат со конкретни мерки за справување со загадувањето, кое станува хроничен проблем за здравјето и секојдневието на граѓаните.

Според најновите податоци од глобалните платформи за следење на квалитетот на воздухот, Македонија вечерва се наоѓа на 16-то место во светот по ниво на загаденост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy