
Нов Зеланд го забрани TikTok на уредите поврзани со парламентот
Нов Зеланд ќе ја забрани употребата на кинеската апликација TikTok на уреди со пристап до парламентарната мрежа поради загриженост за сајбер безбедноста, изјави денеска владин претставник, пренесе Ројтерс.
„ТикТок“ ќе биде забранет на сите уреди со пристап до парламентарната мрежа до крајот на март, изјави извршниот директор на парламентарната служба Рафаел Гонзалес-Монтеро.
Нов Зеланд е најновата влада досега што ја ограничила употребата на кинеската апликација за споделување видео од чувствителни уреди.

