Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов трошок во рестораните во Германија предизвика гнев кај гостите: „Ако не ви се допаѓа, не мора да доаѓате“
Економија

Нов трошок во рестораните во Германија предизвика гнев кај гостите: „Ако не ви се допаѓа, не мора да доаѓате“

09/05/2023

AA

Еден бургер бар во Баварија од почетокот на годината воведе „Хабек паушал“, кој предизвика бурни реакции кај посетителите. Тамошните медиуми пишуваат дека поради високите трошоци за енергија, се повеќе ресторани наплаќаат дополнителен надомест по гостин. Германските медиуми посочуваат дека дополнителната такса зависи од ресторанот и изнесува од 1,50 до 2 евра.

Еден познат германски телевизиски готвач и неговиот татко на своите гости им наплаќаат енергетска цена од 1,50 евра во нивниот ресторан во Хамбург – и тоа го прават од октомври минатата година, наведуваат германските медиуми.

На социјалните мрежи се појави сметка од клиент кој поради споменатиот паушал морал да плати дополнитлени 7,50 евра за оброк за пет лица. Многу гости се лути поради паушалната стапка за енергија, но се чини дека рестораните не се премногу загрижени поради тоа, пишува Феникс.

„Сега плаќаме двојно повеќе за енергија отколку порано. Имам зголемување на трошоците за повеќе од 100 проценти. Ако не ви се допаѓа, не мора повеќе да доаѓате“, рекол таткото на познатиот готвач. Тој посочи дека на менијата и на влезната врата се наведени информации за дополнителни трошоци за енергија.

Цените на енергијата навистина рапидно пораснаа во текот на изминатата година поради војната во Украина. Германија е силно зависна од рускиот гас и сега мора да се префрли на многу поскапи алтернативи.

Ова особено им штети на секторите зависни од енергија – како што е гастрономијата. Ова е причината зошто некои ресторани во Баварија и Долна Саксонија воведоа доплата за трошоците за енергија минатата година.

Бургер барот во Баварија од почетокот на годината ресторанот од гостите бара дополнителни две евра за „Хабек паушал“. Тој ја нарече рамната стапка по германскиот министер за економија Роберт Хабек (Зелените), за кого многумина сметаат дека е директно одговорен за повисоките цени на енергијата.

Мора да се прикаже известувањето за паушална стапка

Генералниот директор на германската асоцијација на хотели и ресторани (Дехога) во Долна Саксонија минатата година за германските медиуми изјави дека постои разбирање за воведување паушална стапка.

Таа рече дека две третини од членовите на здружението имаат егзистенцијални стравови и мора да најдат начини да ги намалат цените.

„Сепак, гостите мора однапред да бидат запознаени со паушалната стапка за енергија во ресторанот. Ова мора да се каже порано и да се види веднаш штом ќе влезете во ресторанот“, велат од споменатото здружение.

Фото: Robert Bye/Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy