Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов систем на германските патишта: Казните достигнуваат до 450 евра
Македонија

Нов систем на германските патишта: Казните достигнуваат до 450 евра

06/06/2025

AA

Секоја година, илјадници камиони на германските автопати возат со прекумерна тежина – со што се загрозуваат не само себеси, туку и веќе дотраената инфраструктура. Само во 2024 година, Федералната канцеларија за логистика и мобилност (BALM) провери повеќе од 146.000 камиони. Повеќе од 16.000 од нив имале значително преоптоварен товар – понекогаш дури и за неколку тони.

Ваквите возила се потешки за управување, помалку сопираат, повеќе се оптоваруваат гумите и оските – и дополнително го забрзуваат пропаѓањето на старите германски мостови.

Тука влегуваат во игра новите „невидливи стапици“: целосно автоматските системи за контрола што ги мерат камионите додека минуваат, во иднина треба да фатат значително поголем број прекршители – и да ги принудат да плаќаат казни до 450 евра.

Првата стапица за камиони доаѓа во Северна Рајна-Вестфалија

Централниот дел од новиот контролен систем се состои од две пиезоелектрични мерни ленти, кои се вградени во површината на патот. Кога возилото поминува преку нив, материјалот под притисок создава електричен импулс – колку е поголем товарот, толку е посилен сигналот. Ако компјутерскиот систем препознае дека ограничувањето на тежината е надминато, регистарската табличка на тоа возило ќе се појави на LED дисплејот на неколку стотици метри оддалеченост – заедно со покана да се однесе возилото до следната станица за одмор.

Таму, службениците на Федералната канцеларија за логистика и мобилност (BALM) повторно ја проверуваат тежината, овој пат на калибрирана контролна вага. Ако се надмине дозволената вкупна тежина, се изрекуваат казни во износ од 30 до 452 евра. Ако вишокот е поголем од пет проценти, понатамошно возење е дозволено само откако ќе се истовари вишокот товар. За да се обезбеди доволно простор за ова, во моментов се градат дополнителни паркинг места на местата за одмор.

Првиот систем

Првиот ваков систем моментално се гради во Северна Рајна-Вестфалија, на автопатот А4 помеѓу Ахен и Келн, непосредно пред станицата за одмор Рур-Шоле-Зид, објавува Билд. Првите мерења се планирани за 2026 година. Се очекува дека околу 500 возила ќе се проверуваат дневно. До 2028 година, мрежата на автоматизирани контроли на тежината треба да се прошири на вкупно 16 објекти низ целата земја, пишува Феникс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy