Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија
Македонија

Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија

05/03/2025

AA

На годинешното пролетно издание на еден од најголемите и најпрестижни
меѓународни вински натпревари – Mundus Vini Spring Tasting 2025, што се одржa во
Германија, вината на „Tikveš Châteaux & Domaines“ поставија нов рекорд, со освоени
девет златни и два сребрени медали.

Златен медал на овој реномиран вински натпревар освоија белите премиум вина
Domaine Lepovo Chardonnay 2023 и Bela Voda White 2023, како и црвените премиум
вина Barovo red 2019, Barovo red 2021, Bela Voda red 2021, Alexandria Cuvee red 2023,
Babuna red 2022 и Luda Mara Red Cuvee 2023. Златен медал освои и виното Terrasse a
l’Ombre 2022, произведено во винарницата Chateau de Gourdon во Франција. Сребрени
медали освоија вината Vranec Luda Mara 2022 и Luda Mara White Cuvee 2024.

„Освоените девет златни и два сребрени медали на еден од најголемите и најценети
светски вински натпревари за нас имаат исклучително значење и нѐ прават особено
горди. Фактот што тие се освоени во исклучително силна конкуренција од илјадници
квалитетни вина кои доаѓаат од најпознатите светски вински региони, ни дава уште
поголема мотивација, бидејќи со тоа се истакнува високиот квалитет на нашите вина
на светско ниво и се потврдува водечката позиција и високата репутација на ‘Тиквеш’
како најрепрезентативен и најтрофеен производител на автентични премиум вина од
нашиот регион“, истакнуваат од „Тиквеш“.

Mundus Vini несомнено е еден од најважните вински натпревари, кој се одржува
двапати годишно, во пролетна и летна сесија. Пријавените вина на натпреварот се
оценуваат од меѓународно жири, составено од врвни познавачи на виното, познати
енолози и сомелиери од 40 земји. Оценувањето на вината се одвива по методот на
дегустација „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките
или брендот на вината што ги оценуваат.

Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува на Mundus Vini и на останатите
реномирани светски вински натпревари, на кои годишно освојува и по повеќе од 100
медали и признанија. Овие награди не само што ја зацврстуваат репутацијата на
вината на „Тиквеш” на интернационалните пазари, туку придонесуваат и за глобалната промоција на македонското вино воопшто и за зголемување на неговата
препознатливост во светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица, двајца повредени

23/08/2026

Двајца мажи се повредени откако утрово околу 5:45 часот било пукано кон автомобил на улицата „18“ во Арачиново, Скопје. Настанот

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р’жана(2334мнв). Врвот Р’жана е најјужниот врв во рамки на НП

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy