Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов рекорд на цената на златото
Македонија

Нов рекорд на цената на златото

04/04/2024

AA

Цената на златото во средата повторно достигна нов рекорд, што се објаснува со фактот дека златото во несигурни времиња се смета за „безбедно засолниште на пари“, сега поради растечкиот геополитички ризик на Блискиот Исток, но и поради доларот а јенот се релативно слаби.

Околу 19:00 часот по Гринич, цената на унца злато се зголеми за 0,74% на 2.296,61 долари, кратко откако достигна 2.298,91 долари, ново највисоко ниво на сите времиња. Цената на златото во последните денови се зголеми за повеќе од седум отсто.

Цената на златото е фаворизирана од слабоста на американскиот долар и зајакнувањето на геополитичките тензии – изјави Френк Вотсон од компанијата „Кинезис мани“.

За Шон Озборн, главниот стратег за девизниот пазар во „Scotiabank“, забележани се големите набавки од централните банки кои ги зголемуваат златните резерви.

Особено голем купувач е Централната банка на Русија, која го зголеми учеството на златото во своите резерви од 20% во 2020 година на 24,5% сега.

Ова зголемување на јачината на златото поврзано со „дедоларизацијата“ на Русија беше мотивирано, меѓу другото, и со меѓународните санкции против Москва за инвазијата на Украина.

На геополитички план, стравот од ширење на војната на Блискиот Исток, исто така, ги поттикнува инвеститорите да бараат „безбедни засолништа“ – злато и суровини.

Стравувањата од ескалација на конфликтот беа предизвикани во понеделникот од смртоносниот напад што му се припишува на Израел врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, а Иран му се закани на Израел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МОЖНИ ПОПЛАВИ ВО ПЕРИОДОТ ДО АПРИЛ Циклонските активности ќе донесат

08/02/2026
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
Македонија

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА Биле на обука во

07/02/2026
Македонија

Внимавајте: На овој патен правец има магла

07/02/2026
Македонија

КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е

07/02/2026
Македонија

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41179
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy