Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов протестен марш за Фросина Кулакова: „Сакаме да живееме тука!“
Македонија

Нов протестен марш за Фросина Кулакова: „Сакаме да живееме тука!“

14/02/2025

AA

„Сакаме да живееме тука!“ е пораката која ќе ја носат учесниците на протестниот марш што ќе се одржи во недела, 16 февруари, со почеток во 17 часот пред Владата. Протестот е организиран од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“, која произлезе од протестот за правдата на 22-годишната Фросина Кулакова, која беше смртно прегазена на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на крајот од јануари.

„Овој протест е повик за будење на граѓанската свест и моќ. Системот што треба да нè заштити потфрла, затајува и секојдневно ни ја докажува неговата нефункционалност која ни ги крати животите. Премногу долго чекавме некој друг да ги подобри работите, да ги направи вистинските промени, да ни обезбеди квалитет на живот каков што заслужуваме. Време е сами да ги побараме! Време е да ги потсетиме надлежните кому служат и зошто се на своите функции. Секој еден изгубен живот е нов потсетник дека не смееме да молчиме! Не смееме да тонеме во апатија, чувствувајќи се немоќни да промениме нешто самите за да тргнат работите на подобро – заедно можеме да смениме сѐ. Дојди и приклучи се“, се посочува во најавата за протестот.

Иницијативата „Кој е следен?“ веќе организираше два форуми, еден во Студентскиот културен центар и еден на раскрсницата кај Зоолошката градина, на кои се дискутираше за неказнивоста и безбедноста на улиците и градовите. Од иницијативата истакнуваат дека со поддршка на граѓаните и стручната јавност, подготвиле конкретни мерки и барања до институциите, кои ќе помогнат за создавање на поправеден, пофункционален и побезбеден систем.

„Овој протест е нашата шанса да ги адресираме нашите барања како приоритети за унапредување на системот кој зависи од нас самите. Безбедни улици и градови. Неселективен правичен систем. Едуцирана младина со морален компас во вистинската насока. Време е заедно да го побараме она што ни следува како граѓани на оваа држава – за оние кои ги загубивме, за нас и за сите што доаѓаат по нас“, велат од „Кој е следен?“.

Протестниот марш во недела е трет по ред и следува по два претходни масовни протести што се одржаа во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Голема полициска акција во Скопје: Уапсени лица поради финансиски криминал

03/09/2026
Македонија

Михаилов тврди: „Немаат аргументи против Ива, па почнаа да се занимаваат

03/09/2026
Македонија

Трагична сообраќајна несреќа кај Охрид: Возило удрило во кучиња, се

03/09/2026
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45415
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Голема полициска акција во Скопје: Уапсени лица поради финансиски криминал

03/09/2026

Повеќе лица се приведени, а извршени се претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на полициска акција поврзана со

Михаилов тврди: „Немаат аргументи против Ива, па почнаа да се занимаваат со мене“

03/09/2026

Симеон Михаилов, таткото на Ива Михаилова и лице по кое од Македонија е распишана меѓународна потерница, излезе со видеообраќање во

Трагична сообраќајна несреќа кај Охрид: Возило удрило во кучиња, се забило во ограда и се

03/09/2026

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево, во која животот го загубил возач на патничко возило. Несреќата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy