Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов правилник за лиценци во енергетиката – се менуваат процедурите за издавање и одземање дозволи
Македонија

Нов правилник за лиценци во енергетиката – се менуваат процедурите за издавање и одземање дозволи

26/02/2026

AA

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе нов Правилник за лиценци.

Со правилникот се уредуваат условите, начинот и постапката за издавање, менување, продолжување, пренесување, суспендирање, одземање и престанување на важење на лиценците за вршење енергетски дејности, како и лиценци за пробна работа на енергетски објекти.

Новината предвидува појасни рокови и процедури во постапките пред Регулаторната комисија, а во одредени случаи се воведува и можност за скратена постапка. Тоа се однесува особено на лиценци за трговија или снабдување со електрична енергија и гас, како и за изменување и продолжување на постојни лиценци.

Според правилникот, Комисијата е должна во рок од 10 дена од одржувањето на подготвителната седница да донесе одлука за издавање или одбивање на лиценца.

Со овој акт се операционализираат измените во Законот за енергетика и се поставува нова рамка за регулирање на енергетскиот пазар. Правилникот директно ги засега производителите, снабдувачите и трговците со електрична енергија и гас, како и сите идни инвеститори во енергетскиот сектор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – шест возеле

11/06/2026
Македонија

Начевски: Проектот Иловица претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

11/06/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за обезбедувањето „Рубикон“

11/06/2026
Македонија

Поранешниот градоначалник на општина Дебрца доби кривична пријава за „злоупотреба

11/06/2026
Македонија

Зајакната сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров – изречени

11/06/2026
Македонија

Се очекува невреме во делови од земјата: Пороен дожд и

11/06/2026
Македонија

Почина Ирена, водителката на култната емисија „Версус“

11/06/2026
Македонија

Кривична пријава за правно лице и управител – штета од

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43708
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – шест возеле без возачка дозвола

11/06/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување

Начевски: Проектот Иловица претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции во Македонија

11/06/2026

Претседателот на Здружението на металурзи и универзитетски професор Горан Начевски, во интервју за „А1он“, прашан за инвестицијата во рудник за

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за обезбедувањето „Рубикон“

11/06/2026

Во судницата во затворскиот комплекс „Идризово“ денеска продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy