Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов биланс: Во земјотресот во Мјанмар загинаа повеќе од 2.000 луѓе
Македонија

Нов биланс: Во земјотресот во Мјанмар загинаа повеќе од 2.000 луѓе

31/03/2025

AA

По разорниот земјотрес во Мјанмар бројот на загинати се искачи на над 2.000, објавија државните медиуми во понеделникот.

Спасувачите и групите доброволци велат дека во земјотресот загинале неколку стотици муслимани кои се молеле за време на Рамазан, како и дека 270 будистички монаси настрадале кога се урнал нивниот манастир.

Хуманитарните организации и Обединетите нации предупредија дека катастрофата може да ја влоши гладта и да предизвика појава на болести во земја која веќе е зафатена од граѓанска војна и во која владее една од најголемите хуманитарни кризи во светот.

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала во петокот го погоди регионот околу градот Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.

Тешко го оштети градскиот аеродром, уништи патишта и срамни со земја стотици згради низ централниот дел на земјата.

На фотографија што во понеделникот ја објави новинска агенција, се гледаат членови на кинескиот тим за потрага и спасување како извлекуваат преживеана бремена жена од урната зграда.

Спасувачките напори се забавени поради големи прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостаток на гориво и лоша комуникација. Недостатокот на тешка опрема ја отежнува операцијата за спасување, бидејќи многу луѓе рачно копаат низ урнатините на температури повисоки од 40 степени.

Во урнатиот манастир Улатеин во Мандалај, спасувачките екипи соопштија дека сè уште трагаат по околу 150 монаси, за кои се стравува дека се мртви.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

24/01/2026
Македонија

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од

24/01/2026
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ

24/01/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три

24/01/2026
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
Македонија

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ

24/01/2026
Македонија

Адвокатката Коцевска со реакција на протест во Кочани: Досегашната воздржаност

24/01/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40584
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy