Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ниту хемиска, ниту тешка индустрија“ – Стојкоски со отворено писмо до Арсовска
Македонија

„Ниту хемиска, ниту тешка индустрија“ – Стојкоски со отворено писмо до Арсовска

10/06/2025

AA

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, остро реагира на изјавите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во кои таа сугерира дека на територијата на општината се дозволува изградба на „хемиска фабрика“. Во отворено писмо до јавноста и медиумите, Стојкоски ги нарекува обвинувањата „сериозни, неосновани и тенденциозни“, оценувајќи дека целта е ширење паника и политичка конфузија.

„На територијата на нашата општина не постои ниту една локација на која е предвидена, ниту ќе се дозволи, изградба на објекти од тешка индустрија, а уште помалку ‘хемиски фабрики’, како што таа тенденциозно наведува“, пишува Стојкоски.

Според него, шпекулациите се однесуваат на веќе постоечки објект со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, што е во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, за кој, како што нагласува, Арсовска има обврска да го почитува.

Стојкоски појаснува дека објектот има сопствена пречистителна станица, е под постојан надзор на Министерството за животна средина, и досега не е евидентирана ниту една еколошка забелешка или проблем. Напротив, како што вели, ги надминува дури и најстрогите еколошки стандарди.

„Со новиот детален урбанистички план што го усвоивме, три и пол пати е намалена површината за индустрија во споредба со претходниот план. Тоа е вистинската слика – нашите одлуки се во насока на заштита на животната средина“, наведува градоначалникот на Ѓорче Петров.

Во писмото, Стојкоски ја обвинува Арсовска за неуспешна и конфузна градска политика, обвинувајќи ја дека со лажни наративи се обидува да го прикрие сопствениот неуспех и да се наметне над институциите – па дури и над Уставниот суд.

„Иницијативата на г-ѓа Арсовска против општината беше целосно отфрлена. Уставниот суд утврди дека Општина Ѓорче Петров не донела ниту еден противзаконски акт“, потсетува Стојкоски.

Градоначалникот ја повикува јавноста да не подлегнува на „евтин политички театар“, уверувајќи дека Ѓорче Петров ќе продолжи со транспарентен развој, во интерес на граѓаните и во рамки на законот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО УБЕДЛИВО ВОДСТВО ПРЕД ПОЛИТИЧКИТЕ КОНКУРЕНТИ Мицкоски со најголема

24/10/2026
Македонија

ГО УЗУРПИРАЛЕ ШУМСКИОТ ЧЕКАН СО ПЕЧАТ ЗА КРАДЕЊЕ ДРВА Кривична

24/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ, КАДЕ ТИ СЕ АНКЕТИТЕ ВО КОИ РАСТЕ РЕЈТИНГОТ НА

24/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА СО ДЕТЕКТОРИ БАРАЛЕ ЗЛАТО ВО ГОСТИВАРСКО Сега чекаат какво

24/10/2026
Македонија

ВОЗАЧ УСМРТИ МЕЧКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Налетал на животното со

24/10/2026
Македонија

ОДЛИЧНИ СЕ УСЛОВИТЕ ВО РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Јанеска ги

24/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ДОБРО ДОСИЕ ВО ОДНОС НА ЕУ Милошоски

24/10/2026
Македонија

НОЌЕСКА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИЦИТЕ СЕ ПОМЕСТУВААТ 1 ЧАС НАНАЗАД Почнува

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46351
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВМРО-ДПМНЕ СО УБЕДЛИВО ВОДСТВО ПРЕД ПОЛИТИЧКИТЕ КОНКУРЕНТИ Мицкоски со најголема поддршка

24/10/2026

ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии, покажуваат резултатите од анкетата на „Гранулекс“. Според објавените податоци, доколку изборите се

ГО УЗУРПИРАЛЕ ШУМСКИОТ ЧЕКАН СО ПЕЧАТ ЗА КРАДЕЊЕ ДРВА Кривична за референт во шумско стопанство

24/10/2026

СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица поради сомневање за несовесно работење во службата и кражба, откако било утврдено

ФИЛИПЧЕ, КАДЕ ТИ СЕ АНКЕТИТЕ ВО КОИ РАСТЕ РЕЈТИНГОТ НА СДСМ? Нели ги вети пред

24/10/2026

Каде му се анкетите на Венко Филипче, што рече дека ќе ги бзнани во јавноста уште пред две недели? Каде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy