Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николовски: Соработката со Азербејџан ја зајакнуваме, пренесувајќи го нашето искуството во успешно спроведување на процесот за консолидацијата на земјоделското земјиште
Македонија

Николовски: Соработката со Азербејџан ја зајакнуваме, пренесувајќи го нашето искуството во успешно спроведување на процесот за консолидацијата на земјоделското земјиште

09/11/2023

AA

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, имаше чест да ја предводи македонската делегација и биде домаќин на делегацијата од Република Азербејџан предводена од Шахмар Мовсумов, помошник на претседателот на Република Азербејџан и раководител на Одделот за економски прашања и иновативна развојна политика на Претседателската администрација и министерот за земјоделство на Република Азербејџан, Мајнун Мамедов.

Пред високата државна делегација на Република Азербејџан која овие денови е во официјална посета на Република Северна Македонија, претставници на министерството и ФАО, пред делегацијата од Азербејџан, ќе го споделат позитивното искуство на нашата држава во спроведувањето на процесот за консолидација на земјоделското земјиште.

Во рамки на билатералната средба министерот Николовски изрази задоволство и подготвеност Северна Македонија да го сподели своето позитивно искуство, помагајќи на Азербејџан успешно да го започне и спроведе процесот на консолидација.

„Бевме визионери, и уште во 2017 година знаевме дека консолидацијата е од суштинско значење за македонското земјоделство. Бевме свесни дека станува збор за многу сложен процес, но токму тоа беше и нашиот предизвик. Денес можеме да кажеме дека вредеше и дека успеавме. Ние денес зборуваме за подготвени планови за консолидација на земјиштето во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево. Со гордост можеме да кажеме дека Конче е нашиот прв завршен проект уште во 2019 година. Егри е вториот завршен во 2021 година со целосно изградена земјоделска инфраструктура“, истакна на средбата министерот Николовски.

Република Северна Македонија е земја лидер во реализирањето на процесот за консолидација, проект кој е започнат уште во 2017 година кога заедно со поддршка на Европската Унија и ФАО започна спроведувањето на проектот МАИНЛАНД во вредност од 2.8 милиони евра.

Бенефитите за земјоделците се многукратни од еден успешно завршен процес на консолидација. Расцепканото земјоделско змјиште се окрупнува, се градат нови пристапни патишта до нивите и се обезбедува наводнување за секоја земјоделска површина.

Во рамки на средбата двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање помеѓу двете држави со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на земјоделството во делот на процеост за консолидација, потоа одржливиот развој на руралните средини, безбедност на храна и меѓусебна трговија со земјоделски производи.

На средбата се разговараше за извоз на убавото македонско јаболко во Азербејџан, како и извоз на други наши производи од преработувачката индустрија.

Во рамки на посетата двете делегации ќе остварат теренска посета на успешниот проект за консолидација на земјоделското земјиште во Егри, како и посета на компанијата Деалтаск Фреш во Ресен, компанија која на своите овошни насади произведува јаболки, но и складира и извезува македонски јабола.

Министерот Николовски упати благодарност до неговиот колега министерот за земјоделство на Азербејџан Мамедов и помошникот на претседателот на Република Азербејџан и раководител на Одделот за економски прашања и иновативна развојна политика на Претседателската администрација Мовсумов, за честа да ја посетат Северна Македонија и можноста за унапредување на нашите односи и економската соработка помеѓу двете држави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy