Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОМАТИТЕ, ПИПЕРКИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ ДОНЕЛЕ ОДЛИЧЕН ПРОФИТ – „Оранжерии Хамзали“ има чиста добивка од 2,6 милиони евра, се појави интерес и за акциите
Економија

ДОМАТИТЕ, ПИПЕРКИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ ДОНЕЛЕ ОДЛИЧЕН ПРОФИТ – „Оранжерии Хамзали“ има чиста добивка од 2,6 милиони евра, се појави интерес и за акциите

09/11/2023

AA

Компанијата „Оранжерии Хамзали Струмица е најголемиот берзански добитник за месецот што измина, бидејќи нејзината акција има најголем раст на цената, говори најновиот берзански билтен за октомври оваа година.

Акцијата на „Оранжерии Хамзали Струмица“ во октомври достигнала просечна цена од 308 денари за акција, што е раст за над 53 отсто во однос на еден месец претходно, и со тоа оваа компанија се вивнува прва на листата на акции кои важат за најголеми добитници.

Што е она што толку ја направи интересна акцијата на оваа компанија нема прецизни информации, но од она што може да се види од нејзините последни финансиски извештаи, е дека таа работела прилично успешно во првите девет месеци и годинава, и подобро од претходно, бидејќи пораснале и нејзините приходи, но и добивката споредено со истиот перипод од минатата година.

Или, Оранжерии Хамзали Струмица, во периодот од јануари заклучно со септември годинава бележи одлична добивка од 2,61 милиони евра, што е раст во однос на истиот период лани за 32 проценти.

Инаку, во првите девет месеци од годинава оваа компанија остварила приходи од 6,2 милиони евра, што е пораст за 6 проценти во однос на истиот период лани.

За нештата да станат појасни, треба да се напомене дека Оранжерии Хамзали, компанија која се наоѓа во општина Босилево, е акционерско друштво чија претежна дејност е производство на раноградинарски култури и тоа разни сорти на домати, краставици, блага пиперка, лута пиперка,зелка, компир, жито и други култури.

Управувачки и мнозински сопственик на ова акционерско друштво е Васе Митев, кој поседува 88,57 проценти од компанијата.

Тоа значи дека овој бизнисмен има навистина голема причина за задоволство, бидејќи неговата фирма само за девет месеци од годинава има чист профит од 2,6 милиони евра.

Сега тоа го вреднуваат и инвеститорите, а доказ дека имало интерес за оваа акција е токму фактот што нејзината цена се зголемила за над 50 проценти.

Сепак, треба да се спомене дека во октомври со акциите на оваа компанија се тргувало само во еден ден, и тој е единствен ден кога имало тргување со акциите на оваа компанија во период од измината цела година. Односно, на тој ден некој купил 3.577 акции на компанијата, по цена од 308 денари, што е всушност зголемување за над 50 отсто во однос на последното тргување. 

Ова значи дека или некој нагло пројавува интерес за акциите на компанијата, или, пак, самиот доминантен акционер си го доокрупнува капиталот.

Оваа компанија, инаку, во континуитет бележи зголемување и на приходите од работењето, и на своите приходи.

Покрај Оранжерии Хамзали, порасрт на цената на акцијата има и Адинг, и тоа за близу 16 проценти, потоа акциите на ТТК банка чии раст е за околу 8 отсто, додека, пак, цената на акциите на Комерцијална банка бележи зголемување за повеќе од 4 проценти, а пораст на цената на акциите за три отсто има и кај акциите на УНИБанка.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За една година бројот на вработени пораснал за повеќе од

05/09/2026
Македонија

Превозниците најавуваат нови протести: Се заканува блокада на границите со

05/09/2026
Македонија

Американскиот синџир TGI Fridays доаѓа во Македонија

05/09/2026
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45468
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За една година бројот на вработени пораснал за повеќе од 7.000

05/09/2026

Пазарот на трудот во Македонија бележи позитивно движење во второто тримесечје од 2026 година во споредба со истиот период лани.

Превозниците најавуваат нови протести: Се заканува блокада на границите со ЕУ

05/09/2026

Незадоволството на превозниците од Западен Балкан поради правилата за престој во Шенген повторно се засилува. Откако веќе беа организирани протести

Американскиот синџир TGI Fridays доаѓа во Македонија

05/09/2026

Американскиот синџир ресторани TGI Fridays за првпат влегува на балканскиот пазар, а Македонија ќе биде една од трите земји во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy