Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николовски од закројувањето на лозјата во Марена: Во секторот лозарство и винарство никогаш не било подобро!
Македонија

Николовски од закројувањето на лозјата во Марена: Во секторот лозарство и винарство никогаш не било подобро!

14/02/2024

AA

По повод одбележувањето на големиот празник Свети Трифун кој се слави како закрилник на земјоделците, градините и лозјата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на закројување на лозјето и света литургија, во село Марена, кавадаречко. На настанот присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, како и пратеници од регионот, директори на институции, лозари и многу други гости.

Настанот се одржа во заедничка организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Македонски семејни винарии.

„Токму на овој ден кога го повикуваме светиот дух на земјоделскиот заштитник, Свети Трифун, да ги благослови градините, полињата, лозјата и со својата благодет да им даде добро здравје на сите земјоделци, нашите производители на храна, скромни луѓе и многу вредни како што бил и светиот Трифун. Неговото име, Трифун, значи мекост, нежност, посебност. А ова е истовремено типичен опис за карактерот на врвно вино, какви што се нашите, македонските. Ние сме винска земја со многу успешни вински приказни. Вината произведени од грозјето зреено под македонското сонце, во себе носат карактер на посебност, што придонесе ние да бидеме тринаесетти во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино. Можеби некому не му е верно, но „Во виното е вистината“, рече министерот Николовски во своето поздравно обраќање пред присутните.

Во 2023 остварен е девизен прилив од 57,7 милиони евра. Споредно со минатата година, сме извезле вино со поголема вредност, што значи дека нашите вина се повеќе добиваат повисока откупна цена. Но, позади овој успех стои многу работа, многу вложен труд на лозарите и винариите, но и многу голема поддршка од државата.

„Денеска, благодарение на добрите политики, ние имаме рекордна бројка од 173 мали семејни винарии или вкупно 255 регистрирани винарски визби, а минатата година сме имале 164. Значи само за една година, сме мотивирале создавање на нови 91 винарии, да се охрабрат и да започнат сопствен бизнис. Тоа се 91 семејства, кои традиционалната пракса на производство на вино во домашни услови ја претвориле во мал бизнис. Наспроти нечии зборови дека никогаш не било полошо, напротив, овие бројки говорат дека никогаш не било подобро“ посочи министерот Николовски.

Изминативе две години доделивме 145 договори за грант до 10.000 евра за мали семејни винарии со што им помогнавме да набават опрема за производство. Ова беше силен мотив за малите семејни винарии со капацитете до 50.000 литри, да започнат сопствен бизнис и да прераснат во оригинални вински брендови.

Затоа од оваа година имаме и многу нови мерки и зголемена поддршка за сите.

Ја чуваме нашата домашна автохтона Станушина со поддршка од 5000 денари по хектар. Ги мотивираме лозарите со субвенции од 60.000 денари по хектар, зелена нафта 100%, односно 9600 денари по хектар, 60 милиони денари за промоција на македонските вина низ светот, нов Закон за вино што гарантира откупна цена на грозјето, нова стратегија, нова програма за финансиска поддршка за развој на лозарството и винарството, каде се предвидуваат дополнителни мерки согласно политиките на Европската Унија.

Светот се повеќе ќе слуша за македонските вина. Ние веќе ги освојуваме светските пазари, нашите вина се присутни на сите саеми и од таму се враќаат со најпрестижните награди. Македонските вина постигнаа револуционерен успех на 12-тиот The Balkans International Wine Competition and Festival што се одржа во Романија.

Во конкуренција од 1200 вина од 360 винарии од 10 земји, македонските винарии се вратија со 109 награди, трoфеј за најдобро црвено вино од автохтона сорта, трофеј за најдобро розе вино од автохтона сорта, трофеј за најдобро вино од Македонија, потоа освоени 5 двојни злата, 25 златни медали, 28 сребрени медали и 47 бронзени медали.

За крај, и оваа година токму на Свети Трифун, лозарите први ги добија субвенциите. На сметките на 9741 лозар, исплатени се 442 милиони денари.

Нека е за многу години празникот, Свети Трифун нека донесе добро здравје и богат род за сите земјоделци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy