Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром
Македонија

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром

27/03/2025

AA

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција изјави дека со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот.

Во прилог интегралната изјава на вицепремиерот Николоски

„Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа што најголемата светска авиокомпанија Туркиш ерлајнс воведува директна линија, четири пати неделно со најголеиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и редовното патување, затоа што аеродрмот во Истанбул  е со најмногу конектинг летови во Европа. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да додјат во Охрид што драстично ќе го зголеми бројот на патници и тоа ќе помогне да се развива тузимот, бизнисот,  комуникациите, што е комплетна нова диманзија за охридскиот аеродром.

Ова е резултат на обмислена стратегија, стратегија на субвенционирање што ја водиме откако бевме избрани. Го променивме целосно моделот на субвенционирање, за охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да даѓаат луѓето тука, ги променивме и другите услови и тоа го даваат резултатот. Веќе имаме две нови дестинации до Охрид, тоа е Истанбул и Базел, имаме нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром.

Мене ми е целта во рок од две години да имаме најмалку десет нови дестинации од Охрид, што целосно ќе го трансформирам туризмот во Охрид,  бизнисот и комуникациите и тоа што е особено важно, оние чартери кои што почнаа на Флајбирд во следната година наместо еден да се два дневно и да слетуваат во Охрид наместо во Скопје.  И пуштањето на автопататот на тие 40 -тина километри од Врбјани до Охрид секако многу ќе значи за охридскиот аеродром”, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл во Куманово, компанијата ќе вработува

07/08/2026

Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на куќниот притвор доколку нема обвинение

07/08/2026

Шестиот и последен месец од законски предвидениот рок за истрагата против поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, истекува

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за свирепото убиство на Сузана Серенакова

07/08/2026

Скопскиот Апелационен суд ја преиначи првостепената пресуда за Илија Панов од Кавадарци и му ја зголеми затворската казна од 16

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy