Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски очекува брзо решение од ЕК за проблемот со превозниците од Западен Балкан
Македонија

Николоски очекува брзо решение од ЕК за проблемот со превозниците од Западен Балкан

29/01/2026

AA

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека се очекува Европската Комисија во најскоро време да предложи решение за проблемот со превозниците од регионот, кој предизвикува сериозни тешкотии во транспортот и логистиката. Тој потенцира дека Македонија има поддршка од земјите членки на ЕУ и дека е важно да се изнајде решение за доброто на целокупната економија.

„Во однос на можните решенија, се разгледуваат неколку алтернативи. Едната е примената на истите правила како за пилотите, кабинскиот персонал, машиновозачите и персоналот во возовите, каде овие ограничувања не важат. Втората варијанта е помалку прифатлива – одложување на системот за една година додека не се најде трајно решение. Третата опција предвидува секоја земја членка на Шенген зоната да издава работни визи за транспортерите, како што тоа го прави Швајцарија, а четвртата варијанта ќе ја предложи самата Европска Комисија“, појасни Николоски.

Тој предупреди дека нерешавањето на проблемот ќе има сериозни последици врз транспортните компании, кои во просек имаат 240–250 работни денови годишно, а тоа ќе влијае и на извозот кон Велика Британија, вториот најголем трговски партнер на Македонија, при што ланецот на снабдување би бил запрен или значително намален.

„За ова прашање реагираме цела година. Претседателот на Владата имаше директни разговори со претседателката на Европската Комисија, министерот за надворешни работи и јас исто така имав состаноци во Брисел со Комесарот за транспорт и Директорката за транспорт и мобилност. Ситуацијата е ескалирана и сега се обидуваме да помогнеме колку што можеме. Вчера бев во посета на Загреб, каде разговарав со потпретседателот на хрватската Влада, кој јавно побара Европската Комисија да го реши проблемот, застанувајќи целосно на наша страна. Дополнително, имав средби со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, во Саборот, како и три средби со грчкиот министер за транспорт, бидејќи и тие се директно погодени“, додаде Николоски.

Тој нагласи дека конечната одлука за визната политика во рамки на Шенген зоната е во надлежност на Европската Комисија, и дека Македонија доставила свои предлози и очекува конкретни мерки за олеснување на работата на регионалните превозници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy