Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Ние сме против уставни измени, нека ги поднесат во Собрание и ќе видат како ќе поминат
Македонија

Николоски: Ние сме против уставни измени, нека ги поднесат во Собрание и ќе видат како ќе поминат

27/03/2023

AA

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени, бидејќи никој од нас на изборите во 2020-та година не вети дека ќе прави промена на Уставот, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Нашиот став е јасен а тоа е дека сме против уставни измени, еве нека ги поднесат во Собрание и ќе видат како ќе поминат. Апсолутно ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ист и е непроменет. Ставот е јасен, цврст и непоколеблив, а тоа е дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени и никој од нас на изборите во 2020-та година не вети дека ќе прави уставни измени“, изјави Николоски во гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој побара распишување предвремени парламентарни избори, на кои партиите ќе кажат која е за што, па тогаш ќе се види „дали народот ќе даде поддршка за тие уставни измени“.

Според него на такви избори ВМРО-ДПМНЕ би го презентирала својот план за „почеток на преговори со Европската Унија“ и за нивно успешно водење.

Тој изјави и дека земјава не ги почнува преговорите со ЕУ, не само затоа „што Бугарија се противи на тоа“, туку поради тоа што „неколку исклучително моќни земји членки на Европската Унија“ сметаат дека не сме спремни за нивни старт „заради високото ниво на криминал и корупција“.

Според него, доколку земјава би се изборила со криминалот и корупцијата и би поставила добри стандарди тогаш работите би се смениле работите и ќе се зголеми притисокот врз Бугарија за да го смени ставот.

– Врз Бугарија нема никаков притисок по однос на уцените кои ги прави врз Македонија, а тоа е пред се затоа што моќните земји членки сметаат дека Македонија не е спремна за почеток на преговори за членство со Европската Унија и ја оставаат да прави што прави затоа што мислат дека државата не е спремна, рече Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy