Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Никој како Македонија ЃП: Шест пати по ред добива пенал-рулет во Купот!
Спорт

Никој како Македонија ЃП: Шест пати по ред добива пенал-рулет во Купот!

05/04/2023

AA

Екипата на Македонија Ѓорче Петров денеска е во фокусот на домашната фудбалска јавност. Не само поради фактот што ја елиминира фаворизираната Шкендија во полуфиналето од Купот и продолжи во одбрана на пехарот, туку затоа што тоа го направи во пенал-серија.

Треба да се „раскопа“ четири сезони наназад за да се пронајде кога последно „лавовите“ од Ѓорче Петров загубиле на пенали во Купот на Македонија. Потрагата нè врати назад во финалето од сезоната 2018/19, кога Академија Пандев ја совлада Македонија по изведување пенали, откако основните 90 завршија со 2-2, а немаше голови во продолженијата (иронично, тогаш Љупче Дориев постигна гол за 2-2 во 86. минута за да ја спаси Академија Пандев од негатива, а денеска тој го утна пеналот за елиминација на Шкендија).

Оттогаш, Македонија ЃП одигра 13 натпревари во Купот на Македонија, а од нив на шест имало потреба да се изведуваат пенали и сите шест ги добила!

Овој со Шкендија беше последниот и единствен сезонава. Лани единствено во првото коло, против Детонит, славеше со 3-0, а потоа Академија Пандев, Шкупи, Струга и Силекс во финалето ги покори со пенали. Серијата почна на стартот на сезоната 2020/21, кога ја совлада Победа на пенали во првото коло.

Од друга страна, ова ќе биде четврто клупско финале во Купот, а дури три од нив добиле разрешница по удари од 11 метри. Ланското со Силекс е последно и единствено добиено. Она со Академија Пандев од 2019 е вториот пораз, по 2009, кога загубија од Работнички на чекор до пехарот. Единственото финале во кое „лавовите“ не шутирале пенали е епското од 2006, кога ја совладаа Шкендија со 3-2, со голот на Филип Ивановски во 95. миунта.

 

2022/23 полуфинале – Македонија ЃП – Шкендија 1-1 (4-3 на пенали)

2021/22 финале – Македонија ЃП – Силекс 0-0 (4-3 на пенали)

2021/22 полуфинале – Македонија ЃП – Струга ТЛ 0-0 (4-2 на пенали)

2021/22 четврт-финале – Македонија ЃП – Шкупи 0-0 (4-1 на пенали)

2021/22 2. коло – Македонија ЃП – Академија Пандев 1-1 (5-3 на пенали)

2020/21 1. коло – Македонија ЃП – Победа 0-0 (5-4 на пенали)

2018/19 финале – Македонија ЃП – Академија Пандев 2-2 (2-4 на пенали)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44907
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко Костадинов се искачи на врвот

07/08/2026

Уште еден голем планинарски успех го одбележа градот Битола! Сограѓанот Дарко Костадинов успешно се искачи на моќниот врв Казбек, сместен

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16 лица, тројца се во критична

07/08/2026

Во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаразени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy