Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКАКО ДА МУ ТРГНЕ НА СЕЛАУДИН АРИФИ – засега мелницата „меле“ само загуби, за трите квартали достигна 777 илјади евра
Економија

НИКАКО ДА МУ ТРГНЕ НА СЕЛАУДИН АРИФИ – засега мелницата „меле“ само загуби, за трите квартали достигна 777 илјади евра

02/11/2023

AA

Никако да дојдат подобри денови за „Жито Караорман“ од Кичево, компанијата
која пред неколку месеци беше откупена во доминантниот дел од Селаудин Арифи,
инаку газда и на „АС Сењак“. 
Па така, ако во првото полугодие од годинава кичевската млинско-пекарска
индустрија прикажа загуба од 318 илјади евра, после три месеци таа не само што
не е намалена, туку и нараснала како „квасец“, искачувајќи се на цели 777
илјади евра. Или, за третиот квартал од годинава компанијата на Арифи успеала
да наталожи нова „негатива“ од дури 459 илјади евра, многу потешка од онаа
остварена за претходните шест месеци.

Во образложението кое компанијата го даде за првото полугодие, таа кажа дека загубата се должи на сеуште високите цени на енергијата, како и на сеуште намалената функција на мелницата, што не дозволувало да се постигне
планираното производство. Тогаш од „Жито Караорман“ објаснија дека во наредниот
период се очекува надминување на сите овие проблеми и зголемување на приходите.
Сепак, барем третиот квартал не ги оправдаа овие очекувања, а како ќе биде до
крајот на годината останува да видиме. 

Во сегашното образложение, пак, за деветте месеци од годинава, компанијата
не наведува кои се причините за загубата, туку само информира дека таа
изнесувала 777 илјади евра, како и дека, како што велат, „во престојниот
период се
очекува зголемување на приходите, со
оглед на фактот дека се набавиле поголеми
количини на пченица, и
мелницата се очекувало да
работи со зголемен капацитет“.

Наспроти овој минус, пак, во истиот период лани фирмата имала добивка на сума
од нецели 10 илјади евра, што значи дека воопшто не било сјајно, но барем имало
каков таков профит.

А, „Жито Караорман“ во првите девет месеци од годинава имала солидни
оперативни приходи од 1,12 милиони евра, што е раст за 23 отсто во однос на
истиот период лани. Најголемиот дел од нив односно еден милиони евра отпаѓаат
на приходи од продажба, и тоа сите од продажбата на домашниот пазар, и кај нив
има зголемување за 11 проценти.

Остварени се и солидни оперативни приходи од 115 илјади евра, а лани таков
прилив воопшто и немало на приходната страна.

Но, многу повеќе од приходите пораснале оперативните расходи, за повеќе од
двојно, односно за 105 проценти, а се оствариле на износ од 1,84 милиони
евра. Најголемата расходна ставка овде се останатите расходи од работењето, на
сума од 847 илјади евра, додека, пак, лани износот на тие расходи е нула, што
значи дека воопшто не постоеле. Набавната вредност на трговските стоки
пораснала за 194 отсто, а огромен раст од над 3.000 проценти има кај услугите
со карактер на материјални трошоци. А, оние трошоци што се намалени, се трошоците за вработените, за кои се
издвоиле 200 илјади евра, што е помалку за девет проценти во однос на истиот
период лани.

Оперативната загуба била на ниво од 719 илјади евра, а кога на ова ќе се
додадат и финансиските расходи, со оглед што финансиски приходи воопшто немало, нето
загубата е на ниво од 777 илјади евра.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско
друштво. Но, тие акциите не му ги продадоа.

Претходно, Арифи беше помал акционер во компанијата, но тој докупи 51 отсто од акциите од претходниот доминантен акционер Сретен Миладиноски.

Селаудин Арифи, всушност е познат како газда на фирмата „АС
Сењак“, а според некои извори тој е близок со високи лица во ДУИ, една од
владејачките партии. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни
јавни набавки.

Исто така, веќе пишувавме дека откако остана доминантен газда на кичевската „Жито Караорман“,
Селаудин Арифи веројатно сега решава да се ослободи од деловите од таа
компанија кои не се нејзин кор бизнис, односно млинско-преработувачката дејност, па компанијата повеќе нема да биде сопственик на фирмата „Хидро кар“, која работи во делот на електричната енергија. Односно, Жито Караорман
од Централниот регистер се избриша како основач или сопственик на Хидро кар, и таа компанија доби
нов сопственик, чие име се впиша во Централниот регистер
како сопственик, а тоа е името на Ади Вокши од Гњилане, Косово. Ова всушност значи дека Арифи,
односно неговата компанија „Жито Караорман“, му ја отстапи Хидро Кар на Ади Вокши
од Тетово.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy