Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нафтоводот Скопје – Солун доби лиценца за работа по повеќе од една деценија
Економија

Нафтоводот Скопје – Солун доби лиценца за работа по повеќе од една деценија

02/11/2023

AA

Нафтводот Скопје – Солун доби лиценца за работа и можност да биде употребен по повеќе од една деценија. По речиси една година разгледување на барањето, Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја потврди оваа одлука, инаку веќе донесена на претходно подготвителна седница. Лиценцата е со важност од 35 години, односно од 2023 до 2058 година.

Вардакс, претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје – Солун, како што стои во одлуката за издавање на лиценцата, ја доставувал потребната документација повеќекратно, се до 17 октомври. Било побарано и мислење од Министерството за транспорт и врски дали нафтоводот може да се стави во употреба, по што РКЕ на крајот одлучила позитивно. Во Вардакс сопственик од 20 отсто е државата преку претпријатието „Нафтовод“, а поголемиот удел од 80 проценти го има групацијата Хеленик Петролеум.

Претходно директорот на „Нафтовод“, Есад Рахиќ, рече дека ќе има процедури и потреба од носење на одредени подзаконски акти и дека треба да се добијат сите дозволи навремено, како и да се утврди транспортната цена од македонска и грчка страна. Според очекувањата на Рахиќ, нафтоводот ќе работи повторно со полна динамика. Продуктоводот е затворен од 2013 година кога од страна на Хеленик Петролеум оценија дека неговото работење е непрофитабилно.

Според одлуката на РКЕ, пред отпочнување со комерцијална работа, Вардакс единствено треба да достави уште само доказ за заснован работен однос со вработени
стручни лица.

„За вршење на енергетската дејност ќе се користи Продуктоводот Солун-Скопје со должина од
213,5 км и пречник од 16 инчи NPS со носивост за транспорт од 2,5 милиони тони годишно на
дизел од отпремниот терминал ВАРДАКС-ТИК (отпремната терминална станица која се наоѓа во
рамките на индустрискиот комплекс на Хеленик Петролеум во Солун) до приемниот терминал
ВАРДАКС-ОИК (приемната терминална станица која се наоѓа во рамките на индустрискиот
комплекс на ОКТА АД Скопје)“, пишува во одлуката за издавање на лиценца која треба да биде потврдена денес.

„Вардакс С.А., нашата подружница, која што е сопственик на нафтоводот, е подготвена веднаш да започне со работа со цел нафтоводот повторно да биде во употреба за транспорт на нафтени производи до Скопје. Сакаме да нагласиме дека нафтоводот е лиценциран за работа за транспорт на сурова нафта и нафтени производи“, гласеше првото соопштение на Хеленик Петролеум по доаѓањето на новата власт во 2017.
Прашањето за повторно отворање на нафтоводот Солун-Скопје се разговараше на трипартитната средба меѓу Грција, Македонија и САД за време на посетата на тогашниот американски државен секретар Мајк Помпео во 2020.

Власта смета дека Македонија со снабдувањето со дизел преку овој нафтовод ќе добива еколошки чисто гориво, нема да има уништување на патиштата, квалитетот на нафтата којшто ќе се транспортира ќе биде со највисок квалитет, а потрошувачите во земјава ќе имаат поевтина и поквалитетна нафта.

Поводот за активирање на нафтоводот во кој сопственост има и државата е потребата да се обезбеди коридор за снабдување со рафинирана нафта за земјава и регионот. На тој начин ќе се обезбеди поеколошки транспорт и ќе се овозможи намалување на можноста за избегнување на царинските акцизи. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy