Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ние знаеме што значи да се биде бегалец“ – Урбановиќ: Македонија покажа огромно срце, испратени над 600 тони хуманитарна помош за Украина
Македонија

„Ние знаеме што значи да се биде бегалец“ – Урбановиќ: Македонија покажа огромно срце, испратени над 600 тони хуманитарна помош за Украина

24/02/2026

AA

Олександар Урбановиќ од здружението „Лесја Украинка“, во гостувањето на 4TV.mk по повод четиригодишнината од почетокот на војната во Украина, упати емотивна благодарност до македонскиот народ и бизнис секторот за несебичната поддршка пружена уште од првите денови на конфликтот.

Според Урбановиќ, иако секогаш може да се дебатира дали можело да се направи повеќе, заедницата на Украинците во Македонија никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја почувствувале во најтешките моменти.

Тој истакна дека од Македонија досега се испратени повеќе од 600 тони хуманитарна помош, што за држава со оваа големина претставува огромен придонес. Оваа поддршка, како што вели, е резултат на заедничките напори на граѓаните и приватниот сектор.

Урбановиќ потсети на моментите кога Македонците самоиницијативно нуделе помош, засолниште и храна за украинските семејства.

„Никогаш нема да ја заборавиме таа поддршка во првите денови кога ги поставувавме шаторите. Луѓето доаѓаа, ги оставаа своите телефонски броеви и велеа: ‘Ние знаеме што значи да се биде бегалец, запишете нè и јавете ни се ако треба некој да згрижиме’. Луѓето примаа бегалци во своите домови, нудеа храна и облека, и сето тоа го правеа без никаков надомест“, изјави Урбановиќ.

Тој заклучи дека иако Македонија е мала држава, нејзината континуирана поддршка за Украина е голема и значајна, поради што украинскиот народ останува вечно благодарен.

Целата емисија во продолжение:

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026
Македонија

Ангелов за водата во Крушево: Поради прекин на струја еден

27/07/2026
Македонија

Од утре сончево и топло време, температурите повторно во пораст

27/07/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување: Фирма и управител го оштетиле

27/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се стабилизира: Намален бројот на пациенти 

27/07/2026
Македонија

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални

27/07/2026
Македонија

Притвор за струмичанец осомничен дека подметнал пожари на трактор и

27/07/2026
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44684
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Ангелов за водата во Крушево: Поради прекин на струја еден час не работел уредот за

27/07/2026

Проблемот со крушевскиот водовод не е ист со кризата што го зафати Гостивар, бидејќи причината била краткотраен прекин на електричната

Од утре сончево и топло време, температурите повторно во пораст

27/07/2026

Променливо облачно наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy