Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Независниот синдикат за одбрана бара зголемување на основната плата на војниците – од министерството велат ќе го разгледаат барањето
Македонија

Независниот синдикат за одбрана бара зголемување на основната плата на војниците – од министерството велат ќе го разгледаат барањето

15/01/2026

AA

Независниот синдикат за одбрана бара зголемување на основната плата за 20% и ревидирање на статусот на професионалните војници. Претседателот на синдикатот, Марио Јуришиќ, вели дека две години не е направено никакво усогласување на платите со економските услови.

„Доколку ги пресметаме платите на вработените во одбраната, на сите нивоа – професионален војник, цивилен, подофицер и офицер – ќе видиме дека платите се исти и во февруари 2024 година, како и во декември со последната плата за 2025 година. Поради тоа бараме овој систем да се преиспита, бидејќи нашите припадници со таа плата не можат да ги купат истите работи што ги купувале во февруари 2024 година и да ги купуваат истите во 2025 година“, изјави Јуришиќ.

Тој информираше дека за барањата веќе се одржала средба со министерот за одбрана, но дека им било соопштено оти зголемувањето на платите не е планирано.

Од Министерството за одбрана реагираа дека прашањата и барањата на синдикатите треба да се решаваат низ дијалог, додавајќи дека се работи на континуирано подобрување на условите на припадниците на Армијата и вработените во Министерството.

„За прв пат навремено се исплаќаат сите надоместоци согласно Колективниот договор, меѓу кои закупнина, храна и превоз во висина од над 23.000 денари, како и додатоци за прекувремени часови, ноќна работа и дневници за дежурство. Ова редовно се исплаќа за прв пат“, стои во реакцијата.

Просечната основна плата без додатоци на професионален војник, според Министерството, изнесува околу 35.700 денари, а на полковник околу 70.200 денари. Со додатоците од Колективниот договор, велат, висината на примањата е поголема од онаа која ја споменал синдикатот.

Од Министерството посочуваат и дека биле наследени значајни финансиски обврски од претходната влада, при што само во 2025 година биле исплатени 107 милиони денари за стари прекувремени часови од 2019 до 2021 година.

Во делот на статусот на професионалните војници, Министерството потсетува дека по наполнети 45 години секој припадник има право да избере отпремнина во висина од две просечни плати за секоја година служба – што, велат, може да достигне 30.000 до 40.000 евра – или да продолжи како цивилно лице во Армијата или други институции до исполнување на услови за пензија.

Во координација со Генералштабот, се разгледуваат можности дел од војниците по 45-годишна возраст да останат во Армијата во специфични служби, но се нагласува дека иницијативата за овие измени не потекнува од синдикатот.

„Само со мотивирани вработени можеме да го одржиме нивото на подготвеност и да одговориме на предизвиците“, порачуваат од Министерството за одбрана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45731
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со

22/09/2026

Вработени во Основниот суд во Куманово поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Најдени му се при претрес

22/09/2026

На граничниот премин Табановце кaj унгарски државјанин откриени се 200 илјади евра, кои тој се обидел нелегално да ги внесе

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

22/09/2026

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy