
НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ: Вода почна да протекува во хрватскиот Сабор
Од силното невреме, вода проби на седница на хрватскиот Сабор и седницата за кратко беше прекината.
Водата почна да истекува низ отворениот прозорец и да протекува по ѕидот на собраниската сала. Водата почна да навлегува и на главната врата на Собранието, која веднаш беше затворена и заштитена со крпи. Загреб попладне повторно го зафати силно невреме пропратено со силен ветер и дожд.
„Затворете го прозорецот, водата проби“, рече претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ.

