Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаневски: Немаме доволно кустоси, недозволиво е странски водичи да ја извртуваат историјата
Македонија

Јаневски: Немаме доволно кустоси, недозволиво е странски водичи да ја извртуваат историјата

21/07/2023

AA

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска, на средба со новинарите, рече дека во нашите музеи и локалитети нема доволно кустоси, поради што, многу често, странски водичи на туристичките групи им раскажуваат поинаква историја.

-Во археолошките и други локалитети треба да имаме кустоси кои ќе ги пречекаат туристите и ќе им ја кажат историјата на вистински, автентичен начин. Недозволиво е тоа да го прават туристики работници од други земји кои ја извртуваат историјата. Еден до првите мотиви за посета на земјава е културното и историското богатство кои го имаме во изобилство и по кое сме прочуени во светски рамки. Но, се почесто и се повеќе се случува во нашите музеи и археолошки места туристите да не бидат пречекани од кустос или овластен водич, туку историјата е извртена и кажана од страна на водич што ја води групата. По правило, секој музеј или археолошки локалитет треба да има кустос кој на одреден јазик ќе ја раскаже историјата на местото и тоа по закон треба да биде така, истакна Јаневски.

Во овој момент нема бројка колку кустоси недостасуваат зашто музеите и локалитетите се под Министертсвото за култура.

-Културата и туризмот се комплементарни дејности, голем број земји веќе имаат препознаено можност да се има министерство за култура, но и министерство за туризам кое се грижи за културното наследство, ни и овозможува негово соодветно и правилно презентирање. Туристичката дипломатија овозможува презентирање на земјата, градење културни мостови и промоција на културното, историското и етно богатството, нагласи директорот.

АППТ се обратила до Министертвото за култура кое во текот на летните месеци ангажира кустоси, со договор на дело, во поголем дел од локалитетите, центрите и музеите.

-Сметам дека треба да бидат ангажирани поголем број кустоси, посебно сега, кога е зголемен бројот на туристи и групи. Се надевам дека тоа многу брзо ќе се сервисира зашто, сепак, некои локалитети и историски места немаат потреба од кустоси во текот на целата година, рече Јаневски.

Тој најави дека Агенцијата догодина, како дел од Стратегијата за култура, ќе изработи неколку апликативни решенија за 50-те најпосетувани музеи и етнографски колекции.

-Ќе почнеме голем проект во соработка со Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците, ќе создадеме виртуелни тури за нашето историско и културно богатство. Ќе овозможиме туристите, преку виртуелна реалност, да се запознаат со тоа каков бил животот во тоа време на тоа одредено место или локалитет, информира Јаневски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy