
НЕСРЕЌА ВО КОСОВО: Tри деца настрадаа при уривање на зграда
Трагедија го погоди Косово каде три деца загинаа во уривање на зграда во селото Јабланица, во општина Ѓаковица. Станува збор за две 15-годишни деца и 14-годишник.
Властите потврдиле дека се работи за уривање на ненаселена зграда. Информацијата ја потврди портпаролот на полицијата за Ѓаковица, Шеремет Елезај, кој додаде дека инцидентот е пријавен околу 22.50 часот.
„На местото на настанот веднаш пристигнаа полициски единици, екипи за брза помош, брза помош и пожарникари. Медицинскиот персонал констатирал смрт кај децата на местото на настанот“, изјави тој.
Се известува дека селаните се обиделе да ги извлечат децата, но залудно.
