Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Неправилности во работењето на Општина Охрид – ДЗР го објави извештајот
Македонија

Неправилности во работењето на Општина Охрид – ДЗР го објави извештајот

28/01/2026

AA

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за финансиската ревизија и ревизијата на усогласеност на Општина Охрид за 2024 година, во кој се нотираат повеќе неправилности и отстапувања од законската регулатива. Поради констатираните состојби е изразено мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и неповолно мислење за нивната усогласеност со пропишаните правила и политики.

Според ДЗР, утврдени се проблеми во делот на побарувањата, комуналните такси, урбанизмот, управувањето со јавните површини, бесправните градби, капиталните вложувања и поддршката на јавните претпријатија.

Ревизијата констатирала дека Општина Охрид не искажува побарувања од надомест за јавна чистота, иако ЈП „Охридски Комуналец“ со години не ги уплаќа овие средства во општинскиот буџет. За 2024 година претпријатието прикажало обврски од 22.880 илјади денари, а општината има поднесено тужби за претходните три години во износ од 53.831 илјада денари. Побарувања не се евидентирани ниту по основ на комунална такса за паркирање, која ЈП „Билјанини Извори“ исто така не ја уплаќа, со наведена обврска од 3.901 илјада денари.

Без одлука од Советот на Општината извршен е отпис на побарувања од 534 илјади денари и на претплатни салда во износ од 4.832 илјади денари за кои нема поткрепувачка документација. Во извештајот се наведува и дека даночните обврзници кои се стекнале со нов имот не се задолжени со данок на имот, ниту е пресметана камата за ненавремено плаќање.

Во урбанистичкиот дел, ДЗР нотира дека надоместот за уредување на градежно земјиште се пресметува врз основа на застарени одлуки, а дел од населените места немаат донесени урбанистички планови. Утврдени се градби и туристички капацитети без одобрение и без платен надомест. Постапките за легализација не се спроведуваат во законски пропишаните рокови, а и покрај издадени решенија за одбивање, не се преземени мерки за отстранување на бесправните објекти, што е спротивно и на „Планот за заштита на културното наследство“.

Ревизијата нотира дека за крајбрежниот појас не е донесен урбанистички план, а дел од угостителските објекти користат јавни површини без одобрение и без уплатена комунална такса. Урбаната опрема поставена на јавни простори не одговара на критериумите за монтажност и го нарушува сообраќајот.

Во извештајот се наведува и дека експропријацијата на земјиште во Велгошти е изведена преку спогодба со замена на државно земјиште со намена хотелски комплекс, при што постапката ја следи и Државното правобранителство поради прашања поврзани со заштитеното крајбрежје.

Во делот на капиталните инвестиции ревизијата утврди дека нема евидентирано право на сопственост за повеќе изградени објекти, а инфраструктурни проекти се реализираат без одобрение за градба и без проектна документација. По овој основ во 2024 година исплатени се 49.431 илјади денари.

Во секторот култура не е објавен јавен повик, а спортски субјекти кои не аплицирале добиле 37.400 илјади денари. На јавните претпријатија им се исплатени субвенции од 36.505 илјади денари без согласност од Советот и без програма за субвенционирање.

Ревизорите нотираат и недостатоци во сметководствената и материјалната евиденција, како и во пописните постапки, кои не се спроведени согласно прописите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy