Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа
Македонија

Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

28/01/2026

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,  д-р Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата.

Во продолжение е интегралната изјава на пртседателот Филипче:

„Дозволете да ја информирам јавноста дека во текот на вчерашниот ден, вчера попладне имавме состанок на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и  зазедовме став да се поддржи денешниот протест на Сојузот на синдикати на Македонија и да се поддржат барањата коишто работниците ги имаат до Владата.

Сметам дека барањата се реални, дека се објективни, дека поголема плата е заслужена и вистински потребна и за преживување на работничките семејства во државата. Јас жалам што завршија добрите пракси од минатото, од времето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кога во континуитет растеа и минималната плата и просечната плата. Минималната плата скоро се дуплираше и просечната плата исто, и тоа во време на најголеми кризи како што светот немаше видено тогаш, ковид кризата и енергетската криза.

Меѓутоа, тоа е резултат на една добро водена економска политика во државата, кога во државата имаше и добра реализација на капитални инвестиции, кога имаше и странски инвестиции, а сето тоа во оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН,  навистина го нема, лошо функционира. Едноставно сме соочени со ситуација во којашто се што владата прави е само нови и нови задолжувања, кои што ќе ги враќаат следните генерации.

Даваме максимална поддршка за денешниот протест. Жалам што пред неколку месеци оваа власт не го поддржа нашиот предлог за зголемување на минималната плата. Ние ќе продолжиме и понатаму, во следниот период да изнаоѓаме и предлагаме законски решенија со што ќе го подобриме стандардот на граѓаните.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

17/05/2026
Македонија

Под слоганот „Сите нека знаат“, на 20 јуни ќе се

17/05/2026
Македонија

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило – петмина возеле

17/05/2026
Македонија

Вработен во маркет во Центар го истепал колегата!

17/05/2026
Македонија

Битолчанец со возило удрил во сограѓанка, па излегол и ја

17/05/2026
Македонија

Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово

17/05/2026
Македонија

Какво ќе биде времето до крајот на мај?

17/05/2026
Македонија

Уапсен 19-годишник за убиство на момче во скопско Бојане

17/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43319
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

17/05/2026

На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во

Под слоганот „Сите нека знаат“, на 20 јуни ќе се одржи Парада на гордоста во

17/05/2026

Под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“, на 20 јуни 2026 година ќе се одржи овогодишната Парада на

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило – петмина возеле без дозвола, а еден пијан!

17/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy