
Непознати напаѓачи пукале во џамија во Франција
Непознати напаѓачи пукале во џамија во Шербур во северна Франција пред крајот на месецот на муслиманскиот пост Рамазан, објави радио станицата France Bleu.
Полицијата во понеделникот вечерта пронашла траги од куршуми на фасадата на џамијата, а во близина биле пронајдени и гранати од непознат калибар, поради што се зголемени безбедносните мерки околу џамијата.
Портпаролот на џамијата ја изрази својата огорченост поради нападот врз џамијата на крајот од Рамазан Курбан Бајрам.
„Муслиманската заедница е во шок. Дојдовме до пресвртница. Не можевме да го замислиме тоа во Шербур“, рече тој.
Во ноември 2023 година, смртните закани кон муслиманите беа испишани со спреј на оградата на истата џамија.
Регистрирано зголемување на расизмот во Франција
Во март, француското Министерство за внатрешни работи објави дека бројот на злосторства мотивирани од расизам, ксенофобија и верска омраза во Франција се зголемил за 32 отсто во 2023 година.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен, исто така, истакна дека во 2023 година имало 30 отсто повеќе напади врз муслиманите во Франција отколку една година порано.
Злосторствата од „расистичка природа“ се удвоија во последниот квартал од 2023 година, по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз Израел и израелската копнена офанзива во Појасот Газа, пишува Politico.
Во извештајот се наведува дека минатата година биле извршени 15.000 кривични дела „по основа на етничка, национална, расна или верска припадност“, додека бројот на таквите кривични дела во 2022 година бил 12.600.
