Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВУЧИЌ ПЛАНИРА ДА КУПИ 12 БОРБЕНИ АВИОНИ ОД ФРАНЦИЈА: Дали соседите се загрижени?
Регион

ВУЧИЌ ПЛАНИРА ДА КУПИ 12 БОРБЕНИ АВИОНИ ОД ФРАНЦИЈА: Дали соседите се загрижени?

09/04/2024

AA

Северниот сосед ќе купи авиони од Франција. 

Најавеното купување борбени авиони од Франција ги загрижи соседите на Србија, пишува американска новинска агенција.

„Србија е блиску до потпишување договор за купување на 12 француски повеќенаменски борбени авиони „Рафал“, најави денеска претседателот Александар Вучиќ, што би означило оддалечување од традиционалниот воен снабдувач на Русија – пишува американската новинска агенција АП.

Агенцијата пишува дека Србија размислува за купување нови авиони „Рафал“ повеќе од две години откако Хрватска купи 12 употребувани борбени авиони од ист тип за околу една милијарда евра.

„Брзото вооружување на српската армија ги загрижува некои од нејзините соседи по крвавиот распад на Југославија во 1990-тите. Критичарите на западното вооружување на Србија велат дека продажбата на софистицирани француски авиони може да го поттикне Вучиќ на крајот да интервенира воено во соседно Косово, поранешна српска покраина која прогласи независност во 2008 година, која Србија не ја признава“, пишува АП.

Вучиќ во Париз се сретна со францускиот колега Емануел Макрон. Српскиот претседател очекува за два месеци да бидат потпишани договорите за набавка на авионите. 

Вучиќ изјави дека синоќа имал многу добар разговор со францускиот претседател кој траел повеќе од три часа и дека постигнале конкретни договори за купување на борбените авиони „Рафал“, за кои договорите ќе бидат потпишани во следните два месеци.

„Многу сум среќен поради резултатите од тие разговори, среќен затоа што можевме на отворен и специфичен начин да разговараме за сите видови соработка со една од најважните земји во светот. И мислам дека постигнавме конкретни договори во врска со купувањето и на „Рафал“, каде очекувам да биде потпишан договорот во следните два месеци и со присуство на претседателот на Франција, што е исклучително важно за Србија на повеќе нивоа“, рече Вучиќ.

Тоа создава можности за други соработки.  Инаку, претходно и Србија беше загрижена поради фактот дека Косово се вооружува. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy