Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Непознат Грк го презеде МИК Свети Николе
Економија

Непознат Грк го презеде МИК Свети Николе

08/10/2024

AA

Гркот Анастасиос Каранастасис од Кожани, релативно непознат во бизнис круговите, презеде доминантна контрола над МИК Свети Николе, втората најголема индустрија за преработка на месни производи по „Пекабеско“.

Каранастасис во август станува главен сопственик на скопската трговска фирма Сиива Доо, претпријатие во чија сопственост е една од најголемите компании во Овчеполието – Месна индустрија и кланица (МИК) Свети Николе, преземајќи го уделот на Сузана Ѓоргиевска Димитрова од Бризбејн.

Со тоа грчкиот државјанин како новопечен бизнисмен во Македонија добива удел од 80 отсто од „Сиива“, која пак досега учествуваше со 67,3 проценти во сопственичката структура на МИК Свети Николе како единствено правно лице. Потоа, на почетокот на месецов „Сиива“ предводена од Каранастасис го презема и уделот од 32 отсто на скопјанецот Влатко Ѓоргиевски, единствениот досегашен профилиран сопственик на оваа месна индустрија. Со тоа може да се каже дека Каранастасис и неговиот малцински партнер од „Сиива“ речиси 100 отсто го контролираат овчеполскиот гигант. Инаку заедничкиот вложен капитал на Ѓоргиевски и „Сиива“ што досега во оваа индустрија го имаа изнесуваше околу 1,7 милиони евра.

Минатата година „Месна индустрија и кланица Свети Николе“ оствари приход од 12 милиони евра и минимална добивка од 5.000 евра со 154 вработени и финансиски обврски (долг кон банки) од 6 милиони евра. „Сиива“ како трговска фирма со 69 вработени во 2023 оствари приходи од 6,2 милиони евра и добивка од 45.000 евра.

Компанијата најмногу позната по сувомеснатите производи, успешно се приватизира и преструктуира во транзицијата и го најде своето место пред се на домашниот пазар. Важи за друштво со најдолга традиција во месната индустрија во земјата после 65 години постоење.

Основана во 1960 година, „МИК“ – Свети Николе е една од водечките компании кои се брендирани македонски производители на месо, со разновидна база на потрошувачи и широк асортиман на производи од месо, кој вклучува трајни и полутрајни месни преработки, свежо месо и конзервирани месни производи.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy