
Неостварената желба на Зидан – Стивен Џерард
Во неговата „генерација“, таму беа играчи како Роналдо, Фиго, Раул, Бекам, Роберто Карлос, Касиљас итн., но дури и во такви услови, Французинот жали што не заиграл со еден фудбалер. Станаува збор за легендата на Ливерпул, Стивен Џерард кој до последен момент му остана верен на својот матичен клуб.
„Мислам дека беше летото 2004 година. Разговарав со Флорентино Перез и му реков дека сакам Џерард да му биде партнер во средниот ред на Реал. Знам дека клубот се обиде два пати, но тој не сакаше да го напушти Ливерпул. Нема многу фудбалери кои го одбиле Реал, но мислам дека многу зборува за лојалноста на Џерард“, откри Зидан.
Долго време се зборуваше дека Франческо Тоти е единствен кој го одбил Реал, но по овие зборови на францускиот ас, станува јасно дека не е така.
