Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕОПХОДНА Е ПРОМЕНА ЗА ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ“: Македонска асоцијација за рударство на вонредна седница ќе го менува раководството
Економија

„НЕОПХОДНА Е ПРОМЕНА ЗА ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ“: Македонска асоцијација за рударство на вонредна седница ќе го менува раководството

29/05/2025

AA

На 14
февруари 2025 година, Иницијативниот одбор за свикување на вонредна седница на
МАР, составен од 12 членки на
Македонската асоцијација за рударство (МАР), поднесе барање до Претседателот на
Стопанската комора на Република Северна Македонија и Управниот одбор на
Комората за итно свикување на вонредна седница, се наведува во соопштението испратено до медиумите.

– Барањето е резултат на сериозната
загриженост за досегашното управување на МАР, кое, според членките, не
придонесе доволно за развојот на секторот ниту за унапредување на
транспарентноста и инклузивноста во донесувањето одлуки.

Во
изминатиот период, членките на МАР укажуваа на недостигот на јасна визија и
проактивен пристап за справување со предизвиците на рударскиот сектор.
Проблемите со застарени организациски практики, отсуство на ефективна
комуникација со надлежните институции и неподготвеноста за соочување со новите
законски барања – сето тоа го доведе секторот во позиција која бара итни и
суштински промени – се потенцира во соопштението.

Потоа се додава дека Македонската
асоцијација за рударство, како највисоко струково тело во рударството, мора да
ја врати својата улога како двигател на одржлив и одговорен развој, со јасен
фокус на заштита на интересите на членките, почитување на животната средина и
одговорност.

– Вонредната
седница на која ќе се избере нов претседател на МАР и ќе се разгледаат
предлозите за реорганизација ќе се одржи денес,
29 мај 2025 година. 

Оваа седница е можност за обновување на довербата и за воспоставување
на ново, поефикасно раководство кое ќе ја гарантира иднината и развој на рударскиот сектор.

Членките на асоцијацијата остануваат цврсто посветени на мисијата за
развој на секторот, со почитување на највисоките стандарди за транспарентност,
професионалност и соработка со сите засегнати страни – се потенцира на крајот од соопштението. 

Од информациите кои се објавени на веб страната на Стопанската комора на Северна Македонија, во рамки на која функционира МАР е посочено дека актуелен претседател на МАР е г-дин Ивица Талевски, САСА – Македонска каменица.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy