
„Нема турнир каде не го прогласуваат за најдобар“: Аријан од Македонија влезе во Гинисовата книга на рекорди
Деветгодишниот Аријан е првак во македонскиот младински фудбал.
Тој има посебно моќен шут – може да шутира од гол до гол, преку целиот стадион и да постигне погодок. Тоа го има повторено 40 пати до сега, вели неговиот тренер.
Аријан Алити успеа да даде пет гола од 50 метри на еден натпревар и со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.

