Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нема прогрес во набавката на „Трикафта“ – пациентите револтирани: 12 пациенти го добија лекот за да се смири јавноста и да се одложи процесот!
Македонија

Нема прогрес во набавката на „Трикафта“ – пациентите револтирани: 12 пациенти го добија лекот за да се смири јавноста и да се одложи процесот!

11/04/2023

AA

Помина еден месец од законските измени и сè уште нема никаков прогрес во однос на набавка на лекот трикафта, алармираа денеска претставници на Асоцијација за цистична фиброза.

Тие на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство апелираа на поголема ажурност од страна на надлежните институции.

-Тоа што го знаеме иако официјално не сме поканети на било каков состанок со министерството и со другите надлежни институции знаеме дека тие имаат одредена комисија што ја формираат со доста бавно темпо, нездоволително на тоа што очекувавме дека ќе се формира, изјави Фики Гаспар, еден од членовите на Извршниот одбор на Асоцијацијата.

Од Асоцијацијата информираа дека воопшто не е воспоставен контакт со потребната компанија, а не се работи ниту на програмата за обезбедување на лекот за останатите пациенти.

-Ние пред 10 дена испративме официјален мејл до сите надлежни кои се опфатени со оваа работа, тоа се Фондот, Министерството за здравстство и претставниците на Владата кои се во таа здравствена Комисија, но се уште после 10 дена немаме никаков одговор добиено, истакна Гаспар.

Од Асоцијацијата велат дека смртниот случај што предизвика бура реакции во јавноста и медиумите резултирал со набавка на лек за најкритичните, но сметаат дека откако јавноста се смирила немало никаков прогрес во постапката за набавка на лекот.

-Нашето чувство и чувството на членството е дека овие дванаесет пациенти кои го добија лекот и покажуваат резултати беше само со цел да се смири јавноста, медиумите, за да може да се одложи процесот. Не сме разговарале за програмата немаат известено дали од економски аспект пронашле начин како ќе се финансира овој лек и немаме никаков план и програма од нивна страна за тоа со кое темпо ќе се добива и како ќе се спроведува давањето на лекот на останатите пациенти. Мислам дека и во јавноста се појави една слика дека сме ја завршиле работата, но далеку од тоа, иако поминаа законските измени на кои инститиравме наводно кои беа пречка еве после месец дена нема никаков прогрес, а ни беше ветено дека за многу брзо време сите пациенти ќе примаат трикафта, посочи Гаспар.

Најавија протест доколку состојбата околу набавката на лекот остане непроменета.

Оттаму информира дека лица со цистична фиброза се вкупно 140, но дека не може да се одреди колку лица се во критична состојба затоа што параметрите се менуваат постојано.

-Вкупно сме 140 некои веќе не известија дека влегуваат во таа критична состојба кој што е под 40 посто функционалност, иако пред тоа кога почнаваме со целата работа пред два три месеци беа со над 50, 60 проценти функционалност,но не може да се зборува со сигурност, бидејќи параметрите се менуваат, појасни Гаспар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45824
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее со потеклото и со дострелите

26/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди нов општествен договор

26/09/2026

Демократската платформа „Разговори за иднината во 12:05“ денеска ја одржа втората сесија посветена на јубилејот од етаблирањето на независна и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy