Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ПРОБЛЕМ ЗА МИНИМАЛЕЦ: Во АЕК се потрошиле за 18 отсто повеќе пари за плати
Економија

НЕМА ПРОБЛЕМ ЗА МИНИМАЛЕЦ: Во АЕК се потрошиле за 18 отсто повеќе пари за плати

04/04/2025

AA

Додека синдикалните организации се борат за минималната плата да изнесува 500 евра, примањата за вработените во регулаторните тела во државата ни од далеку немаат таков проблем, а особено тоа важи за Агенцијата за електронски комуникации која го регулира работењето на телекомуникациските оператори и фреквенциите.

Годишниот извештај за работата во 2024 наведува на тоа дека трошоците за вкалкулирани плати на вработените пораснале дури за 18,24 отсто за една година. Ако во 2023 биле поделени 163 милиони денари (2,67 милиони евра), во текот на минатата година за тоа биле издвоени 192,88 милиони денари (3,16 милиони евра). 

Од вкупните приходи, 29,53 отсто биле искористени за исплата на плати и тоа е највисокиот трошок во билансот на работењето, пред издвојувањата за опрема од 153,5 милиони денари, или 23,51 проценти.

При тоа растот на платите се одвивал во услови на намалени годишни приходи за околу 20 милиони денари. Лани вкупната наплата била 10 милиони евра, а една година претходно таа била околу 10,5 милиони. Сепак, останале 630.000 евра непотрошени во позитивниот годишен биланс.

Инаку во трошокот за плати не влегуваат надоместоците за ангажманот на петчлената Комисија, која функционира како своевиден Управен одбор на АЕК. Се работи за петтемина избраници кои ги водат седниците и ги донесуваат одлуките, а за тоа се платени од посебна ставка.

За вработените во Агенцијата за електронски комуникации, кои ионака важат за едни од најплатените во земјата, според првичниот финансиски план за 2025, требаше нивните плати да се зголемат во просек за 20 отсто. За тоа за оваа година беа предвидени 242 милиони денари (безмалку 4 милиони евра) кај Регулаторот кој своето работење го финансира најмногу од телекомските оператори.

Владата рече дека новото раководство, односно новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации добило задача да ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти и, како што беше искажано, да ги активираат потребните механизми за тоа.

Од власта рекоа дека станува збор за нов колективен договор пред да се избере новото раководство и дека тој да се прогласи за неважечки.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy