
Нема објаснување: Социјалната мрежа Х и го врати профилот на сопругата на Навални
Социјалната мрежа X го врати пристапот до сметката на Јулија Навалнаја, но објаснувањето за привременото суспендирање на сметката се уште недостасува, пишува Гардијан.
Објавата која предизвика најмногу реакции на нејзината сметка е видеото од мајката на Алексеј Навални која бара враќање на телото на нејзиниот син.
„Владимир Путин…дозволете ми конечно да го видам мојот син“, рече Навалнаја во видео пораката, пренесе Ројтерс.
Навални (47) почина во затвор на 16 февруари, изјави неговата официјална портпаролка Кира Џармиш, повикувајќи се на порака од мајката на Навални и оспорувајќи го официјалното објаснување на Русија дека Навални починал при пад.
Рускиот опозициски лидер одлежа една деценија затвор по различни обвиненија, од кои последното беше 19 години по шест точки.
Тој е зад решетки откако се врати од Германија во јануари 2021 година, под обвинение што ги отфрли како политички мотивирани.