Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нема лекарска грешка, обдукцијата покажа дека момчето од Битола починало од тежок инфект и внатрешно крварење
Македонија

Нема лекарска грешка, обдукцијата покажа дека момчето од Битола починало од тежок инфект и внатрешно крварење

28/09/2023

AA

Обдукцијата покажа дека за смртта кај 24-годишното момче Симеон Т. од битолското село Цапари, кое вчера почина во Битолската болница нема лекарска грешка и дека причината е десеминирана интраваскуларна коагулација (ДИК).

Од Битолската клиничка болница за „Независен“ потврдуваат дека обдукцијата завршила, ден по смртта, и дека наодот покажала дека смртта кај момчето настапила заради тежок инфект и внатрешно крварење на органите.

– Наодот од обдукцијата покажа дека причината за смртта кај младиот пациент е ДИК или десеминирана интраваскуларна коагулација. Тоа е брзо трошење на факторите на згрутчување на крвта и доведува до неконтролирано крварење на многу органи и системи во организмот, а резултира со прогресивно создавање тромбози и микротромбози кај сите органи. Сето ова е предизвикано од тежок инфект кај детето. Обдукцијата покажа дека нема лекарска грешка, изјави д-р Елизабета Ивановска, директорка на Битолската  болница.

Смртта на момчето настапила вчера доцна попладнето по 18 часот, откако од утрото било примено на болница со многу висока температура и трески.  На почеток било згрижено на одделот за Интензивна нега, и биле консултирани конзилијарно и лекари од други одделенија, но од час во час состојбата се влошувала, па по речиси десет часа од хоспитализацијата и борба на лекарите момчето починало.

Официјално од болницата потврдија дека момчето претходниот ден, во вторникот било лекарски третирано и му била дадена терапија и било пуштено дома, но ноќта меѓу вторникот и средата повторно имало висока температура и влошување на состојбата, што било причина да се врати на болница и да го  хоспитализираат. За жал имало лошо наоди на направените лабораториските анализи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
Македонија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41588
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата предложи 9 нови амбасадори

17/02/2026

Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања, ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Тој е

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина Мангова во Лондон

17/02/2026

Екс-министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, е предлогот на Владата за нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел,

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под наша надлежност“, велат од Ски

17/02/2026

На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy