
НЕКОИ ГОСТИ ПЛИВАА, ДРУГИТЕ ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЗЕМА СО ЧАМЦИ: Потона сплав во Белград
Потона сплав во српскиот главен град Белград. Дел од луѓето пливаа, а дел полицајците ги спасија со чамци. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како гостите во паника го напуштаат сплавот. Првичните информации се дека нема посериозно повредени.
Познатиот белградски сплав „Картел“ во Нов Белград ноќеска потона во Сава. Таму имаше многу гости на концерт на раперот Цунами. Ова не е прв ваков случај. На дочекот на 2023 година, популарниот белградски сплав „Фристајлер“ потона неколку минути по полноќ. И тогаш полицијата ги евакуираше гостите.
фото Инстаграм
