Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Недељковиќ: Модернизирањето на пругата ќе ја зголеми значително економската соработка и туризмот со Србија
Економија

Недељковиќ: Модернизирањето на пругата ќе ја зголеми значително економската соработка и туризмот со Србија

07/06/2025

AA

Потпретседателот на Демократска партија на Србите, пратеник и единствен претставник на српската заедница во македонското Собрание Драган Недељковиќ во интервју за МИА зборува за предизвиците кои ја кочат динамиката на економското поврзување. Укажува дека е минимален влезот на српски капитал во земјава, но и на македонскиот во Србија, дека треба да се искористат сите потенцијали, посебно во винската индустрија, трговијата и земјоделството, но и во туризмот и културата. 

– Само како пример ќе ви ја посочам српската компанија MTEL која функционира на македонскиот пазар, но нејзината инвестиција не е на доволно високо ниво, па оттука се поставува прашањето зoшто работите се одвиваат на ваков начин. Верувам дека ќе почнат да напредуваат, да одат во нагорна линија, бидејќи оваа Влада има многу поголем „сенс“ за економија, тоа го покажуваат  неодамна преземените чекори во оваа насока, како Договорот за соработка со Велика Британија. Оттука, сметам дека во следниот период треба да направиме напор за да ја засилиме економската соработка меѓу Србија и Македонија, вели пратеникот.

Тој додава дека претстојното модернизирање на железничката пруга од Kоридорот 10 секако дека ќе донесе неколкукратно подобрување и заживување на економијата. Во оваа насока очекува дека во јуни ќе започне изградбата на заеднички железнички граничен премин на Табановце – one stop shop. Проектот е финасиран од Европската банка за обнова и развој и ќе чини 7,5 милиони евра.

– Она што во последниот период значително напредува е туристичката соработка. Огромен број македонски туристи ги посетуваат српските бањи, додека од друга страна многу српски државјани го избираат Охрид како една од нивните најомилени туристички дестинации. Овој број на посетители од Србија би бил и многу поголем, но во моментов како единствена пречка се наметнува лошата патна инфраструктура. Со изградбата на брзата пруга состојбата ќе се смени драстично, бидејќи патувањето ќе биде полесно, побрзо и пoевтино. 

Исто така, препознавам огромен потенцијал во македонската винска индустрија која, според мене, треба повеќе да се промовира на српскиот пазар. Големи би биле можностите и за раноградинарските производи од Македонија кои се препознатливи по својот врвен квалитет. Само за пример, во поранешна Југославија кочанскиот ориз беше присутен на пазарите во сите републики, а подеднакво барана беше и пиперката од Струмица, вели Недељковиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46637
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА? Ако нема коj друг,

06/11/2026

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток, според процената на локалните власти, неконтролирано се движат низ Кривопаланечко, уништуваат насади и оштетуваат

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не беше случај во времето на

06/11/2026

Извештајот на Европската Комисија категорично потврдува дека актуелната Влада никогаш не го злоупотребила европското знаменце за некој закон, што не

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува на ставот за уставни измени

06/11/2026

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy