
„НЕ“ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Шпанските пратеници се изјаснија против
Шпанскиот парламент гласаше против признавање на независноста на Косово. Каталонските пратеници бараа Шпанија да го признае Косово.
Шпанија останува една од петте држави членки на Европската унија (ЕУ) која не ја признава независноста на Косово. На денешната седница на долниот дом на шпанскиот парламент, 293 пратеници гласаа „против“ иницијативата за признавање на Косово, 25 беа „за“, а 27 „воздржани“.
Иницијативата ја достави пратеничката група на каталонската партија Јунтс, а ја поддржаа баскиските партии. Против се изјаснија пратениците на Народната партија, на партијата „Вокс“, како и на Социјалистичката партија на Галиција. Против гласаа и пратениците на владеачката Социјалистичка партија. Србија претходно имаше кампања со цел дел од земјите во светот да го повлечат признавањето на Косово.