Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не велам не“, вели Дафкова за кандидат за претседател на Македонија
Македонија

„Не велам не“, вели Дафкова за кандидат за претседател на Македонија

06/11/2023

AA

„Не велам – не, бидејќи ќе биде неодговорно потоа да ме потсетувате дека сум рекла не. Ама не сум сигурна“ – вели, меѓу другото, пратеничката Гордана Силјановска-Давкова на серијата прашања за тоа дали повторно ќе биде кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори напролет, пишува 360 степени.

Не можам со сигурност да кажам. Вака пратеничката Гордана Силјановска-Давкова одговари на прашањето дали повторно ќе биде кандидатка за претседател на државата на претстојните избори откако се кандидираше во 2019 г. и загуби од актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Во емисијата „360 степени“ на МРТ1 таа рече дека размислува за ова прашање и дека има многу дилеми. Вели дека кога се во прашање жените и мајките, тие „мерат“ многу работи. Решавачки за неа ќе бидат разговорот со семејството, нејзината лична промисла, како и анализата на нејзината улога како пратеничка во Собранието.

360°: Но, не велите – не?

Силјановска-Давкова: Не велам – не, бидејќи ќе биде неодговорно потоа да ме потсетувате дека сум рекла не. Ама не сум сигурна.
Таа имаше интересен одговор на прашањето – дали знае како стои меѓу 22-цата за кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека „ги мери“ на анкетите.

Силјановска-Давкова: Нема да ми верувате ни вие, ни граѓаните ама од вас чув како стојам и од уште еден новинар, најслучајно. Јас ниту сум прашала, ниту…

360°: Партијата не ги споделува со вас тие резултати?

Силјановска-Давкова: Не. Го оставам тоа.
На прашањето дали ѝ значи тоа што на анкетите, како што велат партиски извори, котира највисоко меѓу потенцијалните кандидати за шеф на државата од ВМРО-ДПМНЕ и дали ќе ѝ биде важно кога ќе ја носи одлуката, таа одговори:

„Не ми значи тоа. Како човек ме допира, се разбира, ако е така. Меѓутоа, за одлуката многу други нешта одлучуваат“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy