Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не сум задоволен со Зеленски“: Трамп повторно удри врз украинскиот претседател пред камера
Македонија

„Не сум задоволен со Зеленски“: Трамп повторно удри врз украинскиот претседател пред камера

19/04/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го угости италијанскиот премиер Џорџо Мелони во Белата куќа во Вашингтон. Тој многу топло ја пречека на влезот во Белата куќа, по што заедно ручаа и им се обратија на медиумите.

По воведниот говор, тој се осврна на темата за војната во Украина. Преговорите за прекин на војната во претходниот период паднаа во втор план поради царинските мерки.

„Не го сметам Зеленски за одговорен, но не сум задоволен од начинот на кој започна војната. Не сум задоволен со него, не сум задоволен од никого инволвиран“, рекол Трамп, според „Гардијан“.

Тој продолжи со истиот тон. Повторно го „искаса“ украинскиот претседател.

„Не го обвинувам, но она што сакам да го кажам е дека не ја заврши добро работата. Не сум негов голем обожавател“, додаде американскиот претседател.

По средбата со Мелони спомена ретки украински минерали. Тој најави дека наскоро се очекува потпишување на договорот.

За потсетување, Доналд Трамп и Володимир Зеленски имаат нестабилни односи откако Трамп се врати во Белата куќа на 20 јануари оваа година, кога започна неговиот втор мандат. На крајот на февруари се одржа состанок во Белата куќа кога Трамп и Зеленски имаа жестока расправија пред новинарите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осум пожари за еден ден: Три активни низ Македонија

28/06/2026
Македонија

Тетовец измамен за 3.400 евра: Жена лажно барала пари за

28/06/2026
Македонија

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026
Македонија

Обвинителство: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг

28/06/2026
Македонија

Убиство на жена во Скопје: Четири лица приведени!

28/06/2026
Македонија

Ѓоковиќ со честитка за Лина Ѓорческа: Наскоро сакам да ја

28/06/2026
Македонија

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на

28/06/2026
Македонија

Денес до 38 степени: Македонија под силен топлотен бран

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44001
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy