Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не сум виновен“, рече претседателот на бугарскиот клуб во Битола, а Ламбе кој го запали во судница се појави како сведок во маичка со македонското знаме
Македонија

„Не сум виновен“, рече претседателот на бугарскиот клуб во Битола, а Ламбе кој го запали во судница се појави како сведок во маичка со македонското знаме

30/10/2023

AA

Чудно е што човекот кој ни го запали клубот е повикан како главен сведок. Вака претседателот Љупчо Ѓоргиевски на сега згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола изјави по денешното прво рочиште на кое тој е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Кривичната постапка против него ја поведе Основното јавно обвинителство од Битола.

Бранителот на Ѓоргиевски, адвокатот Насер Рауфи, го нарече Алабаковски недоличен сведок зашто бил осуден за палење на клубот, на што реагираше Обвинителството да не се упатуваат навреди.

„Според мене сведокот е недоличен, предлагаат сведок буквално пироман, човек кој го опожари клубот, кој освен што го призна тоа дело, не ми беше јасно на кои околности е повикан“, реле Рауфи.

Обвинетиот Љупчо Ѓоргиевски рече дека не се чувствува виновен и на никого ништо лошо не сторил.

„Воопшто не се чувствувам виновен. Напротив, човекот кој ни го запали клубот е повикан како главен сведок, тоа е чудно“, заклучи Ѓоргиевски.

Денеска пред судот сведочеше пејачот Ламбе Алабаковски кој веќе има пресуда за палењето на влезната врата на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Во судница се појави со маица со македонското знаме,

„Имаше закани и навреди и ден денес има. Најчесто се, по мое мислење, од бугарски граѓани и луѓе кои живеат тука, а се чувствуваат како Бугари или од измислени ботови на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“, рече Алабаковски

За време на судењето во судницата беа дозволени само камери, а телефоните и компјутерите на новинарските екипи им беа одземени до завршувањето на рочиштето.

ФОТО: АПЛА.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy