
„Не сум им мајка и татко на кошаркарите за стално да им викам – браво!“ (ВИДЕО)
Жељко Обрадовиќ доби прашање од српска новинарка, зошто неговите кошаркари „се коцкале“, односно по +19 дозволиле противникот да се врати во игра и да ја загрози победата. Трофејниот стручњак беше изненаден од таквата констатација, па нервозно одговори.
„Ќе ги прашам играчите в среда зошто се коцкаат. Дали ние имаме обврска секогаш да победуваме по 20 разлика? Дали постои таков тим во Европа? Јас не сум им мајка и татко на играчите, па секогаш да им викам браво, ама тие знаат дека многу ги сакам“, рече, меѓу другото, тренерот на Партизан.
