Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Агелер: Мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството
Македонија

Агелер: Мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството

30/10/2023

AA

Мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството, од владата или од народот на оваа земја. Надворешното влијание ја нарушува вербата на јавноста во македонските институции и функционери. Правдата мора да биде транспарентна – граѓаните на оваа земја не заслужуваат ништо помалку, се вели во пишаниот одговор од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, по барање од Сител телевизија во врска со информации објавени пред два дена дека „амбасадорката Агелер била во посета на Врховниот суд по барање на судии кои биле под жесток притисок од владата и барале заштита од политички реваншизам“.

– Ми беше задоволство да се сретнам со главниот судија на Врховниот суд и со другите судии и да ги слушнам нивните забелешки и грижи. Судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на законот и без мешање, е ставот на амбасадорката Агелер.

Како што е објавено на фејсбук страницата на Амбасадата на САД во Скопје, амбасадороката Агелер се сретнала со судијката на Врховниот суд, Беса Адеми, за да разговараат за важноста на независноста и транспарентноста на судството.

– Таа, исто така, имаше можност да се сретне со судиите на Врховниот суд и да го повтори нашиот заеднички интерес за зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Соединетите Држави секогаш ќе бидат тука да го поддржат владеењето на правото и да работат заедно за да се постигне просперитетна и безбедна Северна Македонија, објавено е на ФБ на Амбасадата на САД во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

30/09/2026

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Македонските судови се главно

30/09/2026

  Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy