Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ СТИВНУВА ПОТРАГАТА ПО НОВИ РАКОВОДИТЕЛИ – има ли кандидати кои сакаат да управуваат со инспекторатот за труд или на центрите за образование
Економија

НЕ СТИВНУВА ПОТРАГАТА ПО НОВИ РАКОВОДИТЕЛИ – има ли кандидати кои сакаат да управуваат со инспекторатот за труд или на центрите за образование

08/04/2025

AA

Владата е во потрага по нови кандидати кои би
сакале да раководат со четири државни институции. На веб страната на Владата
објавени се огласи за пријавување кандидати за директорските места на Државниот
инспекторат за труд, Управата за сигурност во железничкиот систем, Центарот за
развој на стручното образование и Центарот за образование на возрасни.

Последниве недели, беа објавени бројни огласи
со кои Владата ги пополнуваше директорските или заменичките позиции во
институциите. Генерално меѓу условите кои кандидатите треба да ги исполнат се
забележуваат истите одредби, па така и овој пат, кандидатите за овие раководни
позиции мора да се државјани на Македонија, во моментите на апликација не смеат
да имаат казна или забрана за вршење дејност.

Секако сите кои сакаат да конкурираат за
некое од директорските „столчиња“ ќе мора да имаат високо обраозвание, но и
солидно познавање на англиски јазик или друг светски признат јазик со
меѓународно признат сертификат.

Идниот директор на Управата за сигурност во
железничкиот сообраќај мора да има петгодишно искуство во областа
. Додека пак,
директорот на Инспекторатот за труд мора да има шест години работно искуство по
дипломирањето
.

Заинтересираните за аплицирање за овие
позиции имаат до 18 април да ги подготват и достават документите до архивата на
Владата.

Кандидатите кои сакаат да конкурираат за
директори на еден од Центрите, било да станува збор за Центарот за развој на
стручното образование или пак Центарот за образование на возрасните мора да
имаат и најмалку пет години работно искуство во стручно образование и обука или
да биле најмалку пет години вработни во орган на државната управа од областа на
образованието
. Но, исто така треба да поседуваат сертификат за познавање на
компјутерски програми за канцелариско работење и да имаат изготвено план и
програма за работа и развој на Центарот за период од четири години.

Воедно постоечкото работно место на лицето
кое ќе биде избрано за директор на еден од Центарите му мирува работниот однос за
време на вршење на функцијата директор на Центарот и има право во рок од пет
дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа во
установата или институцијата каде работел пред да биде избран за директор, на
работно место најмалку на исто ниво со нивото на кое било пред да биде избран
за директор.

Сите заинтересирани за овие две позиции мора
да побрзаат со апликациите, бидејќи огласите траат до 11 април и дотогаш треба
да ги достават документите за позицијата за која аплицираат.

Но, она што е значајно да се напомене е дека покрај
овие услови, Владата бара заинтересираните кандидати да пополнат и посебен
образец со кој треба да го опишат кариерниот развој во последните 10 години. Но
и да го наведат досегашното знаење за законите и актите кои ја уредуваат
директорската позиција за која конкурираат.
Воедно кандидатите ќе треба да
посочат и свои концепти и модели за управување со институцијата, особено за
првата година од работењето. Се бара и други познавања на областа која се
уредува, а деталите може да ги видите на овој линк. 

Платата за овие директорски позиции не се
објавена, но во огласите се напоменува дека „коефициентот за пресметување е
утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на
платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија“.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Груевски се јави по најавите за екстрадиција од Унгарија

03/05/2026
Македонија

Хаос на границите: Долги колони и чекање до три часа!

03/05/2026
Македонија

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило!

03/05/2026
Македонија

Слободата на медиумите – темел на демократијата, мирот и човековите

03/05/2026
Македонија

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во

03/05/2026
Македонија

Математички гениј од Македонија ја освои Германија – две злата

03/05/2026
Македонија

Сообраќајка помеѓу возило и тротинет: Тешко повредено 14-годишн девојче од

03/05/2026
Македонија

Алиша: Бараме место во Уставот – нашите права не смеат

03/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43038
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Груевски се јави по најавите за екстрадиција од Унгарија

03/05/2026

Поранешниот премиер Никола Груевски експресно реагираше на изјавите на министерот за правда, кој пред медиумите објаснуваше дека подготвува документација за

Хаос на границите: Долги колони и чекање до три часа!

03/05/2026

Продолжениот викенд полека завршува, а со тоа започна и зголемениот сообраќаен метеж на граничните премини меѓу Грција и Македонија. Илјадници

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило!

03/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy